Контакт

Регион

Рама се извини поради каменувањето на автобусот

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама  се извини поради каменувањето на автобусот кој ја пренесуваше српската фудбалска федерација и апелираше да победи пристојноста, пренесоа локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

 

 

Рама извинувањето го упати за време на разговорот со група студенти од Србија и српскиот министер за образование Срѓан Вербиќ.

 

„Познато е дека на натпревари некогаш и соседите се обидуваат да си ги извадат очите. Важно е да победи Албанија, министерот Вербиќ ќе рече важно е Србија да победи, но најважно е да победи пристојноста која ја претставуваме заедно“, рече Рама.

 

Изразувајќи жалење што едно момче од 14-15 години со камен го гаѓаше автобусот на српската репрезентација, Рама оцени дека тоа е доказ колку уште  мора да се работи со оглед на тоа дека „старата генерација во себе носи омраза кон промените и ги доведува во опасност сништата за нов свет со национализам и дух на омраза“.

 

Рама ги прими српските студенти во зградата на албанската зграда велејќи дека тоа е центарот за покренување на дијалог, кој сведочи за историјата и владеењето, но и за уметноста и културата и дека еден дел секогаш и е достапен на јавноста.

Албанскиот премиер се заблагодари на податоците кои ги доби од групата студенти од Србија.

 

Предвидено е групата од 60 српски студенти да присуствуваат на вечерашниот натпревар Албанија-Србија, кој се игра во Елбасан. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица за поддршка на Вучиќ

Објавено пред

Колони возила со српски знамиња крстосуваат по улиците на Белград, по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

dobivaj vesti na viber

 

Во центарот на северниот дел на Косовска Митровица вечерва се возеле колони возила со српски знамиња во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата борба во Генералното собрание на ОН.

Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН.

Имаше 19 против и 68 воздржани. Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Горд сум што имав можност да го бранам правото на мала земја, покажавме како се бори за Србија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е горд бидејќи имал можност да го брани правото на една мала земја пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) и јавно и гласно да зборува против оние кои се многу моќни.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека смета дека резолуцијата, кога е во прашање легитимноста, пропаднала.

„Кога станува збор за вашата голема победа или големата победа на оние кои гласаа за неа, не би имал што друго да додадам. Само сакам да кажам дека тие луѓе кои сакаа да го стигматизираат српскиот народ не успеаја и никогаш нема да успеат, сакаа да ни стават белег на челото и не успеаја“, изјави Вучиќ.

 

Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Според демократските принципи, резолуцијата за Сребреница пропадна

Објавено пред

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека, што се однесува до демократскиот свет и она што нè учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН и таа пропадна.

dobivaj vesti na viber

„На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство“, нагласи Додик.

Повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи, како што истакна, нема причина после ова да останат и да живеат заедно во Босна и Херцеговина.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше...

Македонија8 часа

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија9 часа

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија9 часа

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија10 часа

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија11 часа

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...

Македонија12 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија13 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија14 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет15 часа

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија15 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет15 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет15 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет15 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 50-ина се повредени кога се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија1 ден

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија1 ден

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија1 ден

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет1 ден

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...