Македонија
Заменик министерот за земјоделство во посета на битолскиот регион
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, денеска беше во работна посета на битолскиот производствен регион и оствари средба со повеќе земјоделски производители.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, денеска беше во работна посета на битолскиот производствен регион и оствари средба со повеќе земјоделски производители.Ивановски разговараше за состојбата со есенските култури и реализацијата на пролетната сеидба.
Земјоделските производители од Пелагонија, го информираа заменик министерот дека генерално нема проблеми со производството и пласманот на пченка. Сеидбата на оваа култура во битолскиот регион се врши во рамки на предвидените сеидбени рокови и се реализира без никакви проблеми на теренот.
„Во земјава ќе бидат опфатени околу 29 илјади хектари, од кои дури 13 илјади хектари во пелагонискиот регион.“, соопштуваат од министерството за земјоделство.
Иваноски оствари средба и со раководните лица на Земјоделскиот комбинат ,,Пелагонија,, кои го информираа дека состојбата со есенските поледелски култури е одлична, односно дека моменталните климатски услови се исклучително поволни за маслодајната репка и за пченицата, која во овој регион е застапена на најголеми производствени површини.
„Заменик министерот Иваноски посети и дел од површините кои неодамна настрадаа од дождовите. Земјоделците го информираа заменик министерот дека водата полека се повлекува и дека тие започнале со подготовка на површините за претстојното земјоделско производство.“ стои во соопштението од министерството.
Запрашан дали постои опасност од млечна криза, Ивановски одговори дека млечна криза нема, односно дека се очекува стабилизирање на понудата и побарувачката на млеко./крај/со/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

