Политика
Заев: Опозицијата ќе ги спроведе сите контролни механизми

Бегање од Договорот нема, а ако некој калкулира дека со тоа купување на време ќе избегне нешто од тоа што треба Договорот да го имплементира и го потврди, само се лаже. Затоа ден порано да ги завршиме работите за да може да преминеме на следните фази. Ова е сериозен процес којшто е отворен во Република Македонија. Само сериозно посветување во неговото имплементирање може да донесе квалитет повеќе за граѓаните, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Прашан дали навистина тие намерно одолговлекуваат и пробиваат рокови и се зкануваат со продолжување на „бомбите“, Заев рече дека, доколку опозицијата сакала да продолжи со „бомбите“ воопшто немаше да седне со Никола Груевски и со власта на преговори. „Нашето убедување е дека по пат на преговори овој хибриден режим ќе замине. Апсолутно принципиелно сме поставени, благодарение исто така и на меѓународната заедница којашто е менаџер на целиот преговарачки процес, а секако овде и на имплементацијата на договореното. Навистина не би сакал да навлегувам во детали на вината заради тоа што на крајот меѓународната заедница е таа којашто ќе каже кој навистина целосно е посветен на процесот со развој на идеи и секаков вид на опции, а кој навистина го блокира процесот“, рече Заев.Порача дека мора да се донесе изборна регулатива, прочистување на избирачкиот список, и одлуки како со медиумите понатаму, а претстои правосудството, претстојат толку многу области.„Ние сме рационални луѓе, еве граѓаните ценат дали сме непопустливи или попустливи во процесот. Ние кога седнуваме на маса знаеме дека Договорот мора да се постигне некаде на пола пат, и тоа е така, но апсолутно црвените линии се поставени. Ако при овој тригер којшто се отвори општеството со политичката криза, навистина чесно не се поставиме исклучиво кон интересите на Македонија и на граѓаните, не на политичарите и политичките партии, тогаш само се лажеме ние и ги лажеме нашите граѓани“, рече ЗаевНа прашањето зошто анкетната комисија во Собрание веќе втора недела го помина рокот од како требаше да се формира, Заев рече дека нема притисок од меѓунароната заедница заради тоа што навистина биле принципиелно поставени. „Не може насловот да биде проблем на Анкетната комисија. Насловот го пишува во договорот. Сега тоа да се банализира, навистина, не гледам никакво оправдување. Кажувам како моментум или детал, зошто одредени процеси се закочуваат. Бегање нема. Ако треба да го дефинираме насловот на Анкетната комисиија, него го пишува во договорот од Пржино. Ако треба принципиелно бројот да се постави, нека се постави. Ако некој од политичарите мисли дека треба да ја затвори седницата, нека излезе во јавност и нека каже зошто тој сака да даде исказ на затворена седница, а се бориме за транспарентност сите“, додаде Заев.За објавите во некои медиуми дека Дамјан Манчевски е идниот претседател на ДИК, Заев рече дека, тој тоа го разбрал токму од медиумите, а ред е „Заев да знае кои се имињата“.„ Досега посветено работевме на процедурите, на принципиелна поставеност во самите институции коишто ќе бидат обврска на опозицијата. Повторувам уште еднаш, во преодна влада ние не влегуваме да владееме со ВМРО-ДПМНЕ. Ние во преодната влада влегуваме да бидеме гарантори на фер, регуларни и демократски избори. Тоа значи, целосното влегување во овие институции како што се дефинирани во договорот од 15 јули, значи обврска на опозицијата да ги спроведе сите контролни механизми и моментуми во целиот овој шестмесечен период пред нас, за да победникот на крајот има полн легитимитет. Груевски тоа го гарантира преку сите институции. Заев, еве фигуративно зборувам, како први луѓе од власт и опозиција, тоа ќе може преку овие неколку министерства да го направи и апсолутно, тоа е за на крајот, победникот да има целосен легитимитет“, рече Заев./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.