Македонија
Протест и барање да не запре истрагата за смртта на Нешкоски
Точно на пладне триесетина младинци се собраа на Плоштадот Македонија, два часа по соопштувањето на пресудата против тигарот Игор Спасов кој го уби Мартин Нешкоски.
Точно на пладне триесетина младинци се собраа на Плоштадот Македонија, два часа по соопштувањето на пресудата против тигарот Игор Спасов кој го уби Мартин Нешкоски. Протестот траеше два часа. Семејството на Нешкоски и неговите најблиски пријатели од Плоштад преку ГТЦ со транспаренти и пароли извикувајќи “Спасов не е единствен” и “Стоп за полициската бруталност” стигнаа до скопското обвинителство. Таму се задржаа петнаесетина минути каде предадоа барање обвинителството и понатаму да ја бара одговорноста за смртта на Нешкоски и да истражува чија е командната одговорност. Тие апелираат да не остане целиот случај одговорност само на Спасов. Потоа групата на која и се придружија пратеници од СДСМ се врати на Плоштад на местото каде Мартин Нешкоски беше претепан и почина. Со повеќеминутно молчење му оддадоа почит. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, извести Обвинителството.
Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.
Македонија
Во јавните набавки има корупција која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки , кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции; Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист и производи или услуги и анализа и база на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година.
Клучните наоди од овие истражувања како што информираат од центарот покажуваат дека јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година.
Според мониторингот на јавни набавки, просечниот број понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис -секторот во фер натпревар на набавките.
„41 % од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси, и дека поголем
генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите. И 51 % од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 % од компаниите вклучени во истражувањето. Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари. Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40 % повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25 % од вредноста на сите тендери.
Скопје
Чистење на каналската мрежа во општина Илинден
Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијална каналска мрежа) во согласност Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство „Скопско Поле“ – Скопје и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјетки на Општина Илинден.
Од страна на АД Водостопанство на РМ Поддружница „Скопско Поле“ – Скопје во текот на изминатиов период е извршено чистење на сисавец на секундарен канал Топлик во Илинден во должина од 1000 метри, канал Млака на потегот од од пречистителната станица Илинден, кон Главен канал во должина од 800метри, потоа каналот позади Дом на култура кон Главен канал во Мралино во должина од 1500 метри. Исто така исчистен е канал покрај ул.4 кон Главен канал во должина од 600 метри и терцијални канали покрај ул.1 и ул.2 во должина од 400 метри во населено место Мралино.
Согласно годишна програма и акционен план за чистење на каналската мрежа, во нареден период ќе се продолжи со чистење на Ободен канал на потегот од Кадино-Марино кон локална зона стопански комплекс Илинден во должина од 4000 метри и секундарен А – канал во Илинден во должина од 3000 метри.