Црна хроника
Деветнаесетгодишно момче убиено во Скопје
Деветнаесетгодишно момче во неделата вечерта било прободено со нож во градите во Скопје.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, во неделата вечерта околу 19.30 часот во полиција било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ биле донесени две повредени лица. Едното лице било со полесни повреди, имало расекотина на увото и по санацијата на повредите било пуштено на домашно лекување. Другото лице, на возраст од 19 години, било прободено со нож во градите и околу 20.15 часот им подлегнало на повредите.Засега од полицијата немаат детали што точно се случило. Има едно приведено лице со кое се врши разговор, но сè уште нема потврда дека приведениот е осомничен за убиството. Детали најавуваат за подоцна./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

