Контакт

Надворешна политика

Висока воена делегација од Вермонт следната недела во посета на Македонија

Објавено пред

Висока воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј од понеделник ќе престојува во официјална посета на Македонија. 

dobivaj vesti na viber

За време на посетата, покрај средбата со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, генералот Креј ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски, а планирано е да ја посети Здружената оперативна команда на АРМ и да оствари средба со Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

Покрај унапредувањето на понатамошната соработка со НГ на Вермонт, целта на посетата на АРМ од страна на командантот на НГ на Вермонт е размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, учеството на АРМ во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“ и разгледување на можностите за реализација на различни форми на индивидуална и заедничка обука.

НГ на Вермонт претставува партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии. Оваа програма се реализира преку различни форми на обука, како што се:семинари кои се реализираат во Република Македонија и во САД, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување на заеднички вежби и друго. Воената контакт програма и соработката со НГ на Вермонт, на АРМ во голема мерка и го олесна достигнувањето на стандардите на НАТО во повеќе области./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија6 часа

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија9 часа

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија11 часа

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија11 часа

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија13 часа

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија14 часа

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија14 часа

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет14 часа

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет15 часа

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет16 часа

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет17 часа

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет17 часа

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет17 часа

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...

Македонија1 ден

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија1 ден

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија1 ден

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија1 ден

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне...

Македонија1 ден

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...