Европа
Меркел за Pegida: Не ги следете оние кои носат омраза во срцето

Германската канцеларка Ангела Меркел го повтори во понеделникот повикот до Германците да не ги следат „оние кои носат омраза во срцето“, алудирајќи ја големата манифестација којашто ја организира подоцна во понеделникот граѓанското движење Pegida (Европски родољуби против исламизацијата на Западот), соопшти нејзиниот портпарол.
„Канцеларката веќе во говорот по повод Новата 2015 година се изјасни за тие манифестации и повика да не се следат луѓето полни со предрасуди и омраза во срцето“, ја цитираше канцеларката Ангела Маркел, нејзиниот портпарол Штефан Зајберт на редовната прес-конференција.
Движењето Pegida кое го означуваат како исламофобно и антиимгрантско за во понеделникот вечерта, по повод првата годишнина од своето основање, голем собир во Дрезден во периодот кога отворената политика кон имигрантите на Меркел доживува критики и од редовите на нејзините конзервативци.
Последните седмици Pegida повторно започна да собира илјадници противници на прифаќањето на стотиците илјади имигранти во Германија. Коментаторите забележуваат дека говорот на Pegida значително се радикализирал кон странците, но и во однос на германските политички челници кои редовно ги нарекуваат „предавнции“.
Последните седмици демонстрантите носе бесилки за Меркел и за нејзиниот заменик Зигмар Габриел од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), за што е покрената истрага.
„Тоа е добар пример дека агресивноста на организаторите раст. Разузнавачките служби, федералната држава и регионалните држави внимателно ги следат настаните“, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Јоханес Димрот.
Во Германија е забележан зголемен број на расистички напади, особено врз центрите за прифаќање на бегалците и имигрантите. Германија беше шокирана во саботата кога Хенриете Рекер, кандидатката за градоначалник на четвртиот по големина град во земјата Келн беше тешко ранета во напад со нож, во напад на 44-годишен Германец кој во полицијата изјавил дека неговиот чин би мотивиран од попустливите политики кон имигрантите од страна на канцеларката Меркел чија партија ја поддржа Рекер која има иста политика.
Протести против Pegida, исто така, се предвидени за понеделникот навечер во Дрезден./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот Пулково поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител на комуникациите и маркетингот на аеродромот во Талин.
Во ноќта од сабота кон недела, украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев Индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „АлМасрија Јуниверсал Ерлајнс“, полетал од Шарм Ел Шеик и слетал во Талин во 5:33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година, украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.