Европа
Италија одржа комеморација на 35-годишнината од крвавиот атентат во Болоња

Италија во неделата одржа комеморација на 35-годишнината од атентатот во Болоња, најкрвавиот во ткн Оловни години, во кој загинаа 85 луѓе а повеќе од 200 беа ранети, со барање конечно да се дознае целата вистина за овој напад и неговите нарачатели.
„Италија има должноста да не го заборави тој масакр и недолжните жртви коишто сега се дел од колективната национална меморија“, изјави во писмената порака шефот на државата, Серџо Матарела.
За расветлувањето на ова злосторство за да се дознае целата вистина се зазема и претседателот на Сенатот, Пјетро Грасо. „Барањето на вистината секогаш е тежок процес“, рече пред бројните граѓани собрани во Болоња и потсети на „многуте мачни аспекти на овој страшен настан“.
На комеморацијата беа читани имињата на жртвите, а радиото Rai 1 го прекина емитувањето во 10.25 часот, точно кога одекнала експлозијата, и покрај соодветната музичка програма емитуваше сведоштва на преживеаните.
Бомбата којашто експлодирала на 2-ри август 1980 година во чекалницата на железничката станица во Болоња усмрти 85 лица, а рани повеќе од 200 и е најкрвавиот напад извршен во Италија во периодот наречен Оловни години.
Две лица од терористичката група од крајната десница NAR или Вооружени револуционерни ќелии – фашисти, се осудени на доживотни затворски казни, а третото кое тогаш било малолетно на 30 години затвор..На другите, меѓу кои и припадници на воената разузнавачка служба, им се пресудени поблаги казни, од седум до десет години поради попречување на правдата.
Семејствата на жртвите и многу Италијанци сметаат дека осудените терористи биле само случајни извршители на злосторството, додека оние коишто го наредиле сé уше се непознати и неказнети.
Двајцата терористи на NAR, Валерио Фјораванти и Франческа Мамбро, сега се на слобода благодарејќи на италијанскиот правосуден систем. Ланскиот ноември им беше досудено да платата 2,13 милијарди евра отштета на државата.
Кон крајот на април 2014 година, тогаш набрзо именуваниот актуелен италијански премиер Матео Ренци изјави дека одлуката за отстранувањето на ознаката за доверливост од споменатите документи ја смета за „должност кон граѓаните и кон семејствата на жртвите на нападите и на насилствата”, како и дека тие „претставуваат темна дамка во колективната меморија на луѓето”. Тогаш најави дека Италија ќе ја симне ознаката за доверливост од документите за терористичките бомбашки напади извршени во периодот меѓу 1960 и 1980 година, познат како Оловните години.
Додаде и дека документите коишто се однесуваат на нападите на Пјаца Фонтана и во Болоња, како и на мистериозното уривање на авионот „DC-9″ близу Сицилија во 1980 година, како и документите коишто се однесуваат на другите напади во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век ќе бидат отворени за јавноста. Сите документи пота ќе бидат пренесени во италијанскиот Централен државен архив.
Припадниците на екстремно левичарската групација Црвените бригади, неофашистичките групи, припадниците на тајните служби и на мафијата биле вмешани во бранот политичко насилство, меѓу кои е и бомбашкиот напад од 1969 година на миланската Пјаца Фонтана, како и на железничката станица во Болоња од 1980 година, во кои имаше десетици жртви.
Голем е бројот на жртвите во бомбашките напади и атентатите, а стотици се ранети, меѓутоа многу од инцидентите кои се случуваа во Италија во периодот на Студената војна и екстремните политички тензии во западна Европа, останаа неразјаснети и покрај долгогодишните истраги./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.