Контакт

Европа

Оланд и Рахој го предупредија Камерон дека мора да се почитуваат начелата на ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Маријано Рахој, предупредија во четвртокот доцна вечерта на самитот на Европската унија во Брисел, дека начелото на слободното движење на луѓето во 28-члениот блок мора да се почитува, како и дека земјите надвор од еврозоната не смеат да го попречуваат натамошното интегрирање на монетарната унија.

dobivaj vesti na viber

Челниците на земјите и владите на членките на Европската унија во четвртокот вечерта ги започнаа разговорите со британскиот премиер Дејвид Камерон за британските барања за договор за реформи во ЕУ, кои Лондон сака да ги постигне пред да излезе на референдумот за останување или излегување од Унијата, предвиден да се одржи до крајот на 2017 година. „Најкомплицирани се прашањата кои се однесуваат на еврозоната и бенефициите кои ги уживаат европските работници. Може да има прилагодувања, но европските правила и принципи мора да се почитуваат“, изјави за новинарите францускиот претседател Франсоа Иланд во врска со четирите британски барања за реформи и расправаа во врска со ткн „Брегзит“ ја нарече „отворена и искрена“.Истовремено и шпанскиот премиер Маријано Рахој оцени дека европските челници имале конструктивна дебата со британскиот премиер Дејвид Камерон за условите за британското останување во ЕУ, но и тој истакна дека не смее да има дискриминација кон европските работници мигранти, како и дека слободата на движењето на луѓето како темелна вредност на Европската унија мора да биде зачувана.Рахој, исто така, по дебатата изјави дека верува во пронаоѓање такво решение на барањето на Камерон на европските мигранти да им се ускратат бенефициите во текот на првите четири години, коишто истовремено ќе осигурат еднаков третман за сите работници и слободно движење на луѓето.Камерон ги побра овие мерки за да ја ограничи имиграцијата од земјите на ЕУ пред референдумот. Обраќајќи им се во четвртокот вечерта на европските челници, во најдолгиот говор што го одржа во текот на неговото петгодишни учество во Европскиот совет, Камерон истакна дека доколку тие сакаат Британија на референдумот да се одлучи за останување во ЕУ, мора да одговорат на загриженоста на британските гласачи во врска со имиграцијата. „Нивото на имиграцијата кое го доживеавме во релативно кус период е без преседан, вклучително и притисоците врз локалните заедници и врз јавните служби. Тоа предизвикува голема загриженост кај Британците и ја поткопува поддршката за останување во ЕУ“, истакна Камерон додавајќи дека е потребно да се најде ефикасен одговор на овој проблем.Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави претходно дека е остварен добар напредок во врска со три од четирите британски клучни барања за реформи, но дека токму тој четвртиот, ускратувањето на четиригодишните бенефиции за работниците имигранти, според него е „многу тежок“.Предлогот на Камерон имигрантите од земјите од ЕУ во Велика Британија да мора да чекаат четири години за да добијат соодветни бенефиции како работници имигранти, а станува збор за додатоци на платата за лицата на послабо платените работи, наиде на широки критики и оцена дека претставува кршење на европските закони кои ја спречуваат дискриминацијата. Така, четирите земји од ткн Вишеградска група – Полска, Унгарија, словачка и Чешка, најавија дека ќе отфрлат секаков британски предлог кој би ги менувал законите на ЕУ, а би значеле дискриминација на нивните државјани или ограничување на слободата на движењето./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Гранатирање кај најголемата нуклеарна централа во Европа, се крева црн чад; МААЕ издаде предупредување

Објавено пред

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) извести за ново гранатирање во близина на нуклеарната централа „Запорожје“, најголемиот таков објект во Европа под руска окупација, објавува „Киев индипендент“.

dobivaj vesti na viber

„Она што некогаш беше практично незамисливо – гранатирање или друга воена активност што се одвива во близина на големите нуклеарни објекти – стана редовна појава за време на оваа ужасна војна“, рече генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Набљудувачите на МААЕ на теренот видоа „црн чад што се издигаше од три блиски локации“ по гранатирањето. Раководството на централата, кое беше формирано од Русија, ѝ соопшти на агенцијата дека артилериските гранати паднале на речиси 400 метри од складиштето за дизел-гориво, што се наоѓа надвор од самата централа.

Агенцијата не ја припиша одговорноста на ниедна страна, иако Москва ја обвини Украина за нападот.

Нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во окупираниот град Енергодар, произведуваше околу 20 % од електричната енергија на Украина пред руската инвазија. Руските сили ја окупираа во март 2022 година.

МААЕ со месеци предупредува за сериозните ризици од нуклеарна несреќа велејќи дека Русија ја користи централата за да изврши притисок врз Украина и нејзините меѓународни партнери. Според извештаите, московските сили стационирале војници и опрема во објектот и редовно го гранатираат околното подрачје.

Русија тврди дека електраната е нејзина сопственост како дел од нелегалната анексија на Запорошката област и наводно гради нови далноводи за да ја поврзе со сопствената енергетска мрежа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен излезе од затвор

Објавено пред

Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен е ослободен од германски затвор, каде што издржувал казна за неповрзано кривично дело.

dobivaj vesti na viber

Кристијан Брикнер бил изнесен од затворот од својот адвокат. Не бил виден во автомобилот, но полицијата потврдила дека го напуштил затворот „Зенде“.

Брикнер бил осуден за силување постара жена во португалскиот град Праја да Луз во 2005 година и ќе носи електронска белезица за следење по неговото ослободување од затворот „Зенде“ во близина на Хановер.

48-годишниот германски државјанин никогаш не бил обвинет за никакво кривично дело поврзано со случајот на Мекен. Тој негира каква било вмешаност.

Медлин исчезнала во португалското одморалиште Праја да Луз во 2007 година. Таа и нејзините браќа и сестри биле оставени да спијат во апартманот додека родителите Кејт и Гери отишле во близок ресторан.

Исчезнувањето на Медлин стана еден од најпознатите нерешени случаи на исчезнати лица во светот.

Германските обвинители посочија докази, вклучително и податоци од мобилен телефон, што укажуваат дека Брикнер можеби бил во близина кога таа исчезнала и постојано тврдат дека тој е одговорен.

Сепак, тие не пронајдоа доволно докази за да поведат обвинение.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Објавено пред

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на замокот Виндзор, каде што кралот Чарлс ќе го угости американскиот претседател за време на неговата државна посета на Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Трамп пристигна во Велика Британија доцна вчера и денес ќе биде пречекан од кралот Чарлс во замокот Виндзор, околу 40 километри западно од Лондон.

Ова ќе биде негова втора посета на Велика Британија. Неговата прва државна посета, за време на која беше примен од покојната кралица Елизабета Втора во Бакингемската палата, беше во 2019 година.

Претходно во вторникот, демонстрантите развеаја огромен транспарент со фотографија од Трамп и Епштајн во близина на замокот Виндзор, а подоцна проектираа неколку слики од нив двајца, како и од принцот Ендру, на една од кулите на замокот.

Полицијата во соопштението наведе дека четири лица се уапсени под сомнение за злонамерна комуникација по „неовластена проекција“.

„Нашите службеници брзо реагираа за да ја спречат проекцијата и четири лица беа уапсени. Спроведуваме темелна истрага со нашите партнери за околностите на овој инцидент и ќе дадеме дополнителни информации кога ќе бидеме во можност да го сториме тоа“, соопшти полицијата.

„Секоја неовластена активност околу замокот Виндзор ја сфаќаме исклучително сериозно“, додаде главната началничка на замокот, Фелисити Паркер.

Трамп се соочува со растечки прашања за неговиот однос со покојниот милијардер и осуден сексуален престапник Епштајн.

Трамп беше пријател со Епштајн пред да стане претседател, но имаше караница со поранешниот финансиер со години пред неговата смрт во затворот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија6 часа

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија8 часа

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија13 часа

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа14 часа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет15 часа

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа15 часа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа15 часа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија23 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа1 ден

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија1 ден

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ1 ден

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија1 ден

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија1 ден

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија1 ден

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија1 ден

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија1 ден

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија1 ден

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...