Контакт

Надворешна политика

Партиско етнички препукувања наместо дебата за евроинтеграциите

Објавено пред

Наместо дебата за евроинтеграциите, националниот Советот за евроинтеграции во средата повторно се претвори во ринг за меѓупартиски и етнички обвинувања за состојбата во земјата.

dobivaj vesti na viber

 

Според пратеничката на ДПА, Мерал Ферати, власта го загубила дискурсот во евроинтеграциите и продолжува со слободниот пад, посочувајќи дека делумно за ова е одговорна и недоволната застапеност на Албанците во администрацијата, директно прозивајќи ги ДУИ како одговорни за ова. Ферати, исто така, се осврна и на бројните нерешени судски случаи, во кои се инволвирани Албанците.

 

„Општо познато е дека пречка за евроинтегративните процеси не е само спорот со Грција за името, туку ЕУ има укажано многу забелешки, како за работата на извршната власт, така и за судството, слободата на медиумите, потоа партизираната администрација, корупцијата итн. За жал, ниту една од овие забелешки не се зема сериозно од страна на власта и не се прави ништо. Имаме судство коешто е целосно контролирано од власта и постапува на селективен начин. Имаме докази за стотици монтирани случаи за Албанци, тука ќе го споменам Сопотскиот случај каде со години продолжува голготата на тие луѓе по затвори. Потоа ќе го споменам случајот Монструм каде што до ден денес е под сомнеж како се процесуираше овој предмет и како се изрече казната во отсуство на кредибилни докази“, изјави Ферати.

 

Според вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, ваквата насока на дебата нема да донесе ништо добро за никого, бидејќи евроинтеграциите треба да бидат една натпартиска агенда.

 

„Секогаш треба да настојуваме тоа што го имаме како политички концепт да го соочуваме со аргументи и факти, но во дискусијата имаше и меѓупартиски пристап и обвинувања, ние сме претставници на политичките субјекти, но, пред сé, е интерес на граѓаните каде оди земјата“, изјави Бесими.

 

На ова се надоврза и членот на Националниот совет за евроинтеграции од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, според кого фокусирањето на дебатата низ етничката призма е некоректно.

 

„Фокусирањето на дебата низ етничка призма не е сосема коректно, бидејќи во однос на евроатланските перспективи на Македонија имаме воедначен став, и нема ниту една етничка или религиозна група, па дури и политичка партија, која не се залагала за исти цели. Форсирањето на оваа дебата не носи кон ништо добро за никого и се надевам дека не е целта да се внесе доза на деструктивност“, порача Димовски.

 

И според претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски, вклучувањето на меѓуетничките односи во секоја тема не оди во полза на никого.

 

„Ние делиме слични економски и образовни услови и сметам дека е некоретно дека доколку треба да има политички натпревар меѓу ДПА и ДУИ, нека го има и нека постои, но да се вклучуваат во секоја тема меѓуетничките односи и со тоа од јавната говорница да се подгреваат страстите кои знаеме дека се чувствиелни во одредени региони или целата земја, тоа никому нема да му донесе полза“, изјави Милошоски.

 

Во однос на дебатата за евроинтеграциите, пак, Милошоски се осврна на економските критериуми, потенцирајќи дека економските постигнувања на земјата во последниот период и’ даваат на право да побара да биде оценета како функционална пазарна економија од страна на Европската комисија (ЕК) во следниот Извештај за напредокот.

 

„Македонија има право во следниот извештај на ЕК да биде оценета како функционална пазарна економија. Доколку има каков и да е сомнеж во однос на ова прашање, тогаш треба да знаеме кои работи треба дополнително да ги завршиме за да добиеме вакви одлука. Оваа оцена не е политичка и нема врска со билатералните спорови, а ниту некој во Македонија би ја политизирал и оспорил, а на сите нам ќе ни донесе многу подобро рангирање на земјата“, потенцираше тој.

 

Вицепремиерот за евроинтеграции Бесими потенцираше дека економските предизвици, како што се создавањето на нови работни места и повисок животен стандард и натаму остануваат приоритетни, заедно со веќе постоечките политички предизвици, нотирани од Комисијата.

 

„Просечниот пораст на БДП-то за првата половина од 2014 година изнесувал 3,9 проценти, и сите предвидувања од страна на Европската комисија (ЕК) укажуваат дека Македонија е во економски раст повисок од земјите во регионот како и во самата ЕУ. Овие трендови и економски параметри укажуваат на позитивни трендови а она што за нас останува предизвик е создавањето на нови работни места и повисок животен стандард. Понатаму ние целосно ќе се ангажираме на сите приоритети кои се споменуваат на извештајот на ЕК а што се битни за Македонија, односно политичкиот дијалог, судството, слободата на медиумите, меѓуетничките односи и добрососедските односи“, смета Бесими.

 

Според претставникот на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, економските критериуми во последно време стануваат и едни од клучните услови кои ЕУ им ги поставува на земјите кандидати, што значи дека Македонија ќе мора да се запраша дали е подготвена да одговори на истите.

 

„Покрај политичките критериуми кои досега ги имавме поставено и за кои се согласуваме дека треба да се работи на нив, односно политичкиот дијалог, судството и независноста на судството, од скоро време слушаме дека од ЕУ ќе се бараат и високи економски стандарди за државите кои треба да влезат во Унијата, со специфични теми, како што се намалувањето на буџетски дефицит, отвореноста на пазарот на работна сила, високи перформанси во економскиот раст и транспаретност во функционирањето на економскиот систем. Така што прашањето е дали Македонија влегува во друга фаза на евроинтеграциите каде таргетот се одалечува, бидејќи покрај политичките параметри сега се поставуваат и многу високи економски стандарди, а овие податоци се верификувани и од меѓународните финансиски институции. Македонија е на 4 проценти од економски раст но се бараат 22 проценти економски раст, а повеќе од 60 проценти од државите во ЕУ имаат економски раст помал од нула, тогаш кои се параметрите за кои реално говориме“, подвлече Пешев./крај/мф/бс

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ15 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија16 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија16 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија18 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија18 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион18 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија19 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија20 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет20 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет20 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа21 час

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет21 час

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет21 час

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа21 час

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...