Политика
Заев ќе сведочи јавно, Ставрески најверојатно на затворена седница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/P.Shilegov.jpg)
Анкетната комисија за прислушувањето во Собранието, откако ќе ги сослуша сите сведоци од првиот круг што завршува со вицепремиерот Зоран Ставрески во четврток, продолжува со нови листи предложени сведоци, а СДСМ го предлага лидерот Зоран Заев, кој ќе сведочи јавно.
„Ќе има нови листи, согласно деловникот ќе достават нови листи согласно деловникот и пратеничките групи, јас и вчера најавив дека СДСМ како прв сведок ќе го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој својот исказ ќе го даде јавно за разлика некој други што имаа што да кријат и не се појавија, очекувам дека и Зоран Ставрески, има што да крие и ќе бара затворена седница“, рече претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, по денешната седница на која требаше да сведочо Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски, кој не се ни појави во Собранието.На новинарско прашање дали, на новите листи, повторно ќе може да се предложат старите сведоци, Шилегов рече дека може до три пати.За вчерашното сведочење на премиерот Никола Груевски, Шилегов рече дека премиерот одбил да одговори на прашање од бомбите, но не прецизираше за кое прашање станува збори.„Не можам да ви кажам за кое прашање, она што е веројатно интересно јавноста, сите прашања поврзани со бомбите одби да ги одговори. Не одговори на сите прашања, и не смеам да изнесам премногу детали од таа седница, само ви кажувам дека на прашањата кои беа поврзани со содржината на бомбите, тој не одговори“, рече Шилегов.За денешното недоаѓање на Миле Јанакиески и за тоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано на точката на дневниот ред, Шилегов рече дека политичкиот интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски е да не се слушнат во јавноста нивното размислувања за содржината на разговори. „Од тие причини прават се, во форма на недоаѓање, на реметње на работата, или затворање на седницата, да вистината недопре до граѓаните на Македонија“, додаде Шилегов.Тој рече дека нема намера да се изнвини за повишувањето на тонот на гласот кон членот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, Владанка Авировиќ, затоа што смета дека „конкретната пратеничка е задолжена за реметење на редот на работата на анкетната комисија“. „Не, не ме извадија од такт, свесен беше коментарот, заслужен. Од една страна на луѓе кои што се долго време во парламентот, очигледно и госпоѓата на која името не сакам да ја спомнувам, треба да знаат дека на седница на комисија, на седница на парламент, може да зборуваат во моментот кога ќе побара збор, и кога тој збор ќе им биде даден од страна на претседателот“, рече Шилегов. Тој смета дека македонската јавност заслужува да добие одговор за прислушуваните разговори, објавени во бомбите во проектот „Вистината за Македонија“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/IO-SDSM-2.jpg)
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/мециновиќ-1.jpeg)
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/аваја.jpg)
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.