Европа
Илјадници луѓе во Шведска останаа без струја во понеделник
Десетици илјади луѓе во западните и јужните делови на Шведска се без електрична енергија, откако бура ги искина доводите во регионот во недела вечерта.
Бурата наречена Горм, е најсилна што ја погодила Шведска во последните години, а од Данска се префрли на Шведска викендов.Ветрот корнеше дрвја, искина жици за довод на струја на југот од земјата, додека жителите пријавија големи оштетувања на покривите и на автомобилите.„Видовме се. Од оџаци кои паднаа врз покривите, до откорнати штали од дворовите“, вели Јохан Валин, портпарол на службата за спасување на Халанд.„Ќе има уште повеќе повици кога ќе дојде струја, а имаме сознанија дека има многу откорнати дрвја во земјата“, додава тој. Во понеделник, 55.000 луѓе се без електрична енергија, а компаниите за довод на електрична енергија велат дека ќе им требаат неколку дена за да ги санираат проблемите.Но, ветрот се смири, пред луѓето во понеделник да заминат на работа, а мостот Оресунд што ги поврзува Шведска и Данска, повторно е отворен. Беше затворен околу полноќ откако ветрот достигна брзина од 32 метри во секунда.Возовите почнаа да сообраќаат по мостот околу 7 часот утрово, но оние кои патуваат во руралните области на јужниот дел од Шведска се предупредени дека ќе има доцнења во превозот, поради паднати дрвја врз пругите.Бурата Горм така ја нарекоа во Данска, тамошната агенција за метеорологија, според интернационалната ковенција која вели дека бурите се именуваат по алфабетски ред, без разлика дали името ќе биде од машки или женски род. Фреја е последната голема бура што ја погоди Скандинавија на почетокот од ноември.Според данската новинска агенција, Ritzau, кампот за бегалци во Северен Јутланд, бил евакуиран во неделата, поради бурата Горм.Нема пријави за сериозни повреди ниту во Данска, ниту во Шведска, како резултат на невремето./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

