Контакт

Сервисни информации

Без струја делови на Сопиште, Аеродром, Центар, Карпош…

Објавено пред

Поради технички зафати во електро-мрежата в о среда без струја ќе бидат корисниците во делови на Сопиште, Карпош, Центар, Аеродром, Сарај и Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Без електрична енергија ќе останат:
• од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од ул. 31 во Сопиште. ( општина Сопиште )
• од 08:00 до 14:30 часот, корисниците од ул. Живко Чинго и ул. Радњанска. ( општина Центар ) и корисниците од дел од ул. Петре Пирузе и ул. Хелсински. ( општина Карпош )
• од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Виа Игнација ( згради бр. 6 и бр. 8 ), дел од ул. Мице Козар и ул. Социјалистичка Зора (зграда бр. .5). ( општина Ѓорче Петров )
• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од с. Долна Арнакија. ( општина Сарај )
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол и с. Ракотинци. (општина Сопиште )
• од 11:00 до 12:30 часот, корисниците од Бул. Јане Сандански бр. 134 и бр. 135. (општина Аеродром)
• од 12:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Истарска (во близина на Олимписки базен ). ( општина Центар )
• од 12:30 до 15:00 часот, корисниците дел од с .Бардовци. ( општина Карпош )

/крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија2 часа

Систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување...

Европа3 часа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа3 часа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет5 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа5 часа

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет5 часа

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет5 часа

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија16 часа

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...

Македонија16 часа

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС...

Македонија17 часа

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија17 часа

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...

Регион18 часа

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа...

Регион18 часа

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени...

Македонија18 часа

Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата...

Македонија23 часа

Мицкоски: Нека ме наречат заостанат, но формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ...

Македонија1 ден

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните...

Топ1 ден

Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за...

Свет1 ден

(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и од Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа...

Европа1 ден

Зеленски: Ослободивме повеќе од 174 квадратни километри од Украина

Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа...