Регион
Експлозивна направа фрлена врз возилото на началникот на штабот на армијата на БиХ

Непознати лица во петокот вечерта во тунелот Салаковац кај Мостар од возило во движење фрлиле експлозивна направа врз возилото во кој биле началникот на Здружената команда на Оружените сили на БиХ, генерал-полковникот Анто Јелеч, но во експлозијата нема поведени, потврди министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија.
„Се случи експлозија во тунелот Салаковац. Минав низ чад. Видов експлозија и пријавив во полицијата. Не сум повредени, ниту моето возило е оштетено“, изјавил генералот Јелеч за хрватската агенција Hina. Не сакал да заборува за други поединости од инцидентот.Според Људевит Мариќ, портпаролот на министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија, експлозијата на полицијата ѝ била пријавена по 20,10 часот. Додал дека се собираат докази од местото на инцидентот. Потврдил дека нема повредени меѓу лицата од придружбата на генералот, во експлозијата од направата која била фрлена кога тоа возило го претекнувало возилото на генералот Јелеч.Мариќ не можел да потврди дали станува збор за нов терористички чин врз припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина.Во средата припадник на радикалното исламско вехабиско движење уби двајца босански војници во сараевското предградие Рајловац.Порталот Klix.ba, пак, дознава дека на теренот не излегле екипи на Обвинителството на БиХ, и оти станува збор инцидент во кој генералот се нашол сосема случајни и оти, тој не може да биде поврзан со тероризам.Директорот на државната безбедносна агенција SIPA, Перица Станиќ, потврдил дека нејзини припадници не излегле на теренот, што според сараевските медиуми укажува дека на тоа дека во овој случај не станува збор за терористички акт./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.