Европа
Германците за САД ги шпионирале Австријците

Американската Агенција за национална безбедност (NSA) со помош на германската разузнавачка служба BND, покрај Французите и Европската унија, ги шпионирала и Австријците, тврди германскиот тиражен весник Bild во изданието кое ќе се појави во недела.
Германските медиуми претходно во четвртокот објавија дека германската BND за сметка на американската NSA ги шпионирало институциите и функционерите на Европската унија, како и француското министерство за надворешни работи и Елисејската палата односно кабинетот на претседателот на Франција.
Истражувајќи ги изразите коишто NSA му ги дала BND за користење во центарот за прислушување во Бад Ајблинг во Баварија, откриени се зборовите како „гов“, „дипло“ и германскиот израз за „сојузен кабинет“, пишува весникот. Пребарувањето по овие изрази довело до 12.000 пронајдени податоци, според интернет електронската пошта на BND од 14-ти август 2013 година.
Меѓу овие податоци се наоѓаат и материјали на австриската влада. Австрија има федеративно уредување како и Германија, и оттаму и пребарувањето по нејзините државни институции, како и во германскиот случај, е покриено со изразот „сојузен кабинет“.
Во текстот што Bild однапред ѝ го доставил на германската новинска агенција dpa, се наведува дека во повеќе од десет пребарувања на NSA се споменува Австрија./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина: Русија нè бомбардираше и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.
Европа
Новиот германски министер за надворешни работи: Украина може да се потпре на Европа

Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул вети европска поддршка за Украина по неговата посета на Варшава вчера, пишува Киев Индепендент.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц положи заклетва на 6 мај, а Вадефул ја презеде функцијата истиот ден заедно со новиот кабинет. Новите германски претставници ветија континуирана поддршка за Украина во услови на руска агресија.
Вадефул се сретна со полски претставници во Музејот на полската армија во Варшава, каде што разговараа за европската безбедност во контекст на војната на Русија против Украина. „Заедно сега правиме повеќе за европската безбедност, вклучително и финансиски“, рече тој.
Вадефул го предупреди Кремљ дека Германија и Европа ќе продолжат да ја поддржуваат Украина. „Секој во Москва мора да знае дека Европа ќе ја поддржи Украина“, рече Вадефул.
Мерц претходно објави дека е подготвен да ја зголеми германската поддршка за Украина, вклучително и испраќање ракети со долг дострел „Таурус“ во Киев.
Да потсетиме дека поранешниот германски канцелар Олаф Шолц постојано ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел „Таурус“ поради загриженост за ескалација со Русија.
Европа
Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот.
Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба.
Варшавската полиција потврди дека привела 22-годишен Полјак. Според информациите, станува збор за студент.
Ректорот на универзитетот изјави дека четврток ќе биде ден на жалост во институцијата, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија“. „Изразуваме голема тага и сочувство до семејството и најблиските“, се вели во соопштението на ректорот.