Контакт

Hitech

Студентите од ФЕИТ балкански шампиони на натпреварите за хардвер и софтвер

Објавено пред

Студентската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии ја потврди титулата Балкански шампиони со победата на деветиот натпревар „Хардвер и софтвер“, кој се одржа во рамки на меѓународната конференција „Енергетска електроника“ и „Индустриска електроника“.

dobivaj vesti na viber

Со оваа победа, студентите оф ФЕИТ, по трет пат ја одбранија шампионската титула. Овогодишната задача беше инспирирана од најновите напредоци во конструирањето автономни возила. Натпреварувачите располаа со минијатурно Buggy возило управувано од вграден микрокомпјутер што требаше да го програмираат да следи линија. Дополнително, преку соодветен сензор за боја, требаше да препознае боја на одредени обоени површини долж патеката, да исчити податоци од бесконтактни читачи (RFID) и во реално време, преку безжична врска, да ги испрати податоците до централен компјутер, за кој студентите требаше да напишат програма за прикажување на податоци.Студентите со силно темпо и деноноќна работа ја завршија задачата. Иако компонентите поединечно функционираа исправно, нивната интеграција во комплексен систем му донесе на тимот многу главоболки и непроспиени ноќи. Сепак, возилото сигурно се движеше по патеката независно од брзината или острите кривини . Конечно, во финалето, тимот на ФЕИТ собра 15 задолжителни поени повеќе од сите други тимови и не остави простор судиите да можат да го променат резултатот со нивните десет поени за  „уметнички впечаток“. Серијата победи за ФЕИТ ја почна екипата во состав: Мартин Цветковски, Лазе Димитриевски, Игор Симевски и Стојан Матески под водство на Дарко Цветковски со освојување на првото место на натпреварот во 2011 година. Нивниот „Mars-Explorer“ успешно и најбрзо ги собра сите податоци од „сондите“  . Наредната година, Александар Лазаров, Татјана Чавдарова, Викториа Донева и Сашко Јовановски под повторно водство на Дарко Цветковски составија роботска рака опремена со камера и „компјутерска интелигенција“ и ги победија сите екипи во играта „состави четири“, со што по втор пат го освоија првото место за ФЕИТ . Како куриозитет, на крајот од натпреварот судиите одиграа против роботската рака и – изгубија.Во 2013 и 2014 година овие натпревари не се одржаа, но екипа на ФЕИТ во состав Александар Лазаров и Мартин Стојановски, под водство на Бранислав Геразов, учествуваа на сличен натпревар во Темишвар – Романија на натпреварот Robotec 2014 во дисциплината Micromouse. Нивното „глувче“, мало возило опремено со сензори и алгоритми за движење кое што сами го изработија, беше единствено што го реши лавиринтот и ја пронајде целта, со што го освоиja првото место. На тој начин ФЕИТ и Институтот за електроника, ја „одржаа својата кондиција“.Овие резултати, но и други резултати на студентите од ФЕИТ, на пример, второ место на балканскиот натпревар LabView, прва награда за иновација на Макинова, најдобро демо на врвна конференција од телекомуникации, не се случајни. Студентите на ФЕИТ „се калат“ низ многу предмети во кои што се комбинирани теоретските и практичните вештини во сите студиски програми, а Институтот за електроника, покрај тоа, посветува дополнително внимание во програмата „Компјутерско хардверско инженерство и електроника“ да бидат добро избалансирани хардверските со софтверските елементи. Покрај предметите од наставата, студентите „се челичат“ и на традиционалниот натпревар со меѓународно учество „Робомак“, како и во летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“. Овие настани се одржуваат секоја година и посебно го акцентираат комбинираниот хардверско-софтверски пристап во решавањето различни проблеми./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Објавено пред

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за сите корисници.

dobivaj vesti na viber

Според компанијата, тоа е нивниот најпаметен, најбрз и најкорисен модел досега, кој дава поточни и порелевантни одговори во области како што се математика, наука, финансии, право и медицина.

„ГПТ-5 е првпат навистина да се чувствувате како да разговарате со експерт за која било тема“, рече извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, на денешната прес-конференција. Тој го спореди овој пробив со моментот кога „Епл“ ги претстави дисплеите со висока густина, чии поединечни пиксели повеќе не можеа да се видат со голо око.

Алтман тврди дека „ГПТ5“ е „најдобриот модел во светот за кодирање“ и пишување, но исто така и за здравствена заштита и долг список на други области.

За разлика од претходните верзии, „ГПТ5“ е претставен како „модел на расудување“, што значи дека користи итеративен пристап кон решавање проблеми – размислување низ повеќе чекори пред да понуди конечен одговор.

Компанијата е толку убедена во супериорноста на новата верзија што го најавува крајот на претходните: „Со доаѓањето на моделот ГПТ-5, ги откажуваме сите наши стари модели“, рече истражувачката Тина Ким за време на презентацијата.

Меѓу проблемите што ГПТ-5 наводно подобро ги решава се долгогодишните проблеми како што се „халуцинации“ – кога моделот измислува непостоечки информации – но и безбедносните ранливости, кои беа особено изразени во неодамнешните истраги како онаа на списанието „Вирд“.

Новиот модел, исто така, воведува можност за избор помеѓу четири предефинирани „личности“: циник, робот, слушател и гик, со цел дополнително прилагодување на стилот на комуникација на корисникот.

Сепак, и покрај помпезните тврдења, Алтман признава дека тие се уште се далеку од крајната цел – вештачка општа интелигенција (АГИ), термин што означува ниво на кое способностите на ВИ би ги надминале човечките.

„Искрено, го мразам терминот АГИ бидејќи секој го користи во различна смисла, но [ГПТ-5] е значаен чекор напред кон модели кои се навистина способни“, рече Алтман.

„Сè уште ни недостасува нешто клучно“.

Исто така, не е јасно дали ГПТ-5 ќе го реши проблемот познат како „Чат ГПТ психоза“, каде што некои корисници пријавиле чувство на губење на контакт со реалноста по долгите сесии за разговор со моделот. Засега, „Опен АИ“ најавува само воведување на „нежни потсетници за паузи“ за време на продолжена употреба.

Како и претходните генерации, ГПТ-5 се потпира на инфраструктура која бара огромни инвестиции и троши огромни количини енергија, што предизвика сè поголеми критики за неговото влијание врз животната средина. И покрај ова, „Опен АИ“ исто така објави два нови јазични модели со „отворена тежина“ претходно оваа недела – gpt-oss-120b и gpt-oss-20b – кои сега сигурно ќе паднат во втор план поради доаѓањето на ГПТ-5.

Компанијата, која започна како непрофитна организација, денес е една од највредните на пазарот. Во среда се појави информација дека „Опен АИ“ е во преговори за продажба на акции во секундарна понуда што би можела да ја процени на дури 500 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Hitech

Тимот на Албанката, Мира Мурати, не подлегнал на понудата на Цукерберг – борба за ѕвездите на вештачката интелигенција

Објавено пред

Дoдека Марк Цукерберг се обидуваше да фати чекор во трката за генеративна вештачка интелигенција, пред неколку месеци ѝ се обрати на поранешната техничка директорка на „Опен ВИ“, Мира Мурати, со понуда да го купи нејзиниот нов стартап „Тинкинг машинс лаб“.

dobivaj vesti na viber

Кога таа ја одби понудата, Цукерберг почна целосна офанзива. Во неделите што следуваа стапи во контакт со повеќе од десетина вработени од нејзиниот 50-член тим обидувајќи се да ги убеди да преминат во неговата компанија. Главна цел му бил Ендру Талок, истакнат истражувач и коосновач на стартапот.

За да го добие, Цукерберг понудил пакет, кој, со бонуси и пораст на акциите, би можел да достигне и до 1.5 милијарда долари во рок од најмалку шест години, според извори запознаени со понудата.

Талок ја одбил понудата. Никој од неговите колеги исто така не заминал.

Портпаролот на „Мета“, Енди Стоун, го нарекол извештајот за понудата неточен и смешен нагласувајќи дека висината на компензацијата зависи од растот на акциите. Додал дека „Мета“ нема интерес за преземање на „Тинкинг машинс“.

Дури и во Силиконската Долина, каде што врвните инженери имаат огромна пазарна вредност, ретко се случува некој да одбие деветцифрени износи. Но како што расте борбата за таленти во областа на вештачка интелигенција (ВИ), дури и компаниите со најголеми буџети сфаќаат дека парите не се секогаш доволни.

Лојалност кон лидерите

Додека некои истражувачи се однесуваат како слободни агенти во потрага по поголема плата и влијание, други покажуваат непоколеблива лојалност кон своите лидери – харизматични фигури, кои во технолошката индустрија имаат статус на рок-ѕвезди. Културата во стартапите силно ги поврзува вработените. Истовремено, по години меѓусебно крадење кадри, тимовите стануваат вешти во самозаштита.

„Опен ВИ“ и стартапите што ги основале поранешни вработени, како оној на Мурати, често се цел на Цукерберг.

Од самиот почеток на трката за ВИ пионерите привлекуваа истражувачи со ветување дека ќе учествуваат во историска мисија – создавање вештачка општа интелигенција (AGI), систем попаметен од човекот во повеќето задачи. „Опен ВИ“ ја претвори оваа мисија во своевидна квазирелигиозна потрага, со непрофитна повелба. која гарантира дека трудот ќе ѝ служи на човечноста.

„Мета“ веќе стапила во контакт со повеќе од 100 вработени во „Опен ВИ“ и успеала да вработи најмалку десетмина. На 25 јули Цукерберг го назначи кинескиот истражувач Шенгји Жао, кој поминал три години во „Опен ВИ“, за раководител на новиот тим за суперинтелигенција.

Тие што засега ја одбиле понудата велат дека веруваат во мисијата на „Опен ВИ“ сакаат да работат во помали компании и не сакаат нивниот труд да заврши во производи водени од рекламирање.

Мурати, Сацкееверс и отпорот кон перење кадри

Уште помал успех Цукерберг има со „Антропик“, стартап вреден 170 милијарди долари, кој го води Дарио Амодеи – поранешен член на „Опен ВИ“, кој со себе повлекол врвни стручњаци. Сите седум коосновачи на „Антропик“ сè уште се дел од компанијата. Многумина се поврзани преку движењето за ефективен алтруизам, кое уште пред десет години предупредуваше дека ВИ може да излезе од контрола и да го загрози човештвото.

Некои дури живееле заедно во куќа во Сан Франциско дискутирајќи како најдобро да го донираат своето богатство и како да се справат со ризиците од ВИ.

Засега Цукерберг успеал да вработи само двајца поранешни вработени на „Антропик“- Џоел Побар и Антон Бахтин – и двајцата со претходно искуство во „Мета“.

Стартапот „Сејв суеринтелиџенс“ (Safe Superintelligence SSI), основан лани од Иља Сацкееверс, исто така е речиси отпорен на обиди за регрутирање. Наместо да доведе познати кадри „Опен ВИ“, Сацкееверс се фокусирал на неафирмирани таленти со нови идеи, кои тој лично ги менторира. Вработените се обесхрабруваат да го наведуваат SSI на „Линкд ин“ – токму за да избегнат лов на глави. На почетокот од годината и Сацкееверс ја одбил понудата на Цукерберг.

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силициумската Долина: Ја напушти „Опен ВИ“, па создаде компанија

Родена во Албанија, Мурати поминала шест години во „Опен ВИ“ како техничка директорка раководејќи речиси со сите клучни аспекти на компанијата. Била позната по емоционалната интелигенција и скромноста, што ѝ ја донело лојалноста на истражувачите и инженерите.

Во „Тинкинг машинс“ воспоставила слична, рамна хиерархиска структура – сите, дури и најискусните истражувачи, имаат титула член на техничкиот тим, инспирирано од некогашниот „Бел лабс“.

Кога во февруари ја основала „Тинкинг машинс“, повеќе од 20 поранешни колеги од „Опен ВИ“ ѝ се приклучиле, вклучувајќи го и Џон Шулман – еден од клучните умови зад „Чат џипити“, кој претходно преминал во „Антропик“. Најголем дел од нејзините нови вработени доаѓа од посттренинг-тимот на „Опен ВИ“, кој го создал „Чат џипити“ и го учел како да комуницира со луѓето.

Инвеститори неодамна вложиле 2 милијарди долари во нејзиниот стартап, иако некои од нив сè уште не знаат точно на што работи. Декларирана мисија: „Да се направи ВИ поразбирлива, пофлексибилна и општо поспособна“.

Набргу најавила лансирање на прв производ, со мултимодална ВИ, која функционира „како што природно комуницирате со светот“. Уредот го сместиле во тивок дел во Сан Франциско, неколку улици оддалечен од „Опен ВИ“.

„Мета“ и Талок – уште една пропуштена можност

„Вирд“ претходно објави дел од обидите на „Мета“ да ги регрутира кадрите од „Тинкинг машинс“.

Ендру Талок, коосновачот на компанијата, бил централна цел на кампањата. Цукерберг и Александар Ванг, новиот шеф на тимот за суперинтелигенција во „Мета“, му праќале многубројни пораки за да го убедат да им се приклучи.

Роден во Австралија, Талок дипломирал на Универзитетот во Сиднеј со највисок просек меѓу студентите по природни науки. Работел во „Фејсбук“ 18 месеци пред да се запише на постдипломски студии во Кембриџ, а потоа се преселил во Калифорнија, каде што станал distinguished engineer во тимот за вештачка интелигенција – една од највисоките технички позиции.

„Беше познат како екстремен генијалец“, вели Мајк Вернал, поранешен директор во „Фејсбук“.

Уште во 2016 година, три години по неговото доаѓање во „Фејсбук“, претседателот на „Опен ВИ“, Грег Брокман, се обидел да го регрутира. Во е-пошта до Илон Маск, Брокман напишал дека Талок тогаш добивал 800.000 долари годишно во „Фејсбук“ и дека веројатно ќе бара повеќе. „Опен ВИ“ тогаш нудел 175.000 долари плата, со бонус од 125.000.

„Ендру е многу блиску до ‘да’. Но загрижен е поради големото намалување на платата“, напишал Брокман на 21 февруари. Талок тогаш не прифатил.

Во „Опен ВИ“ се приклучил дури седум години подоцна, во момент кога „Чат џипити“ веќе беше глобален феномен.

Прикажи повеќе...

Hitech

Претставничкиот дом на САД го забрани „Ватсап“ на службените уреди

Објавено пред

На помошниците во Конгресот на САД наводно им било кажано дека повеќе не можат да го користат WhatsApp  (Ватсап) на службени уреди. Главниот административен службеник на Претставничкиот дом (CAO) наводно во понеделникот го известил персоналот дека апликацијата – вклучувајќи ги мобилните, десктоп и веб верзиите – не е дозволена на уредите управувани од Претставничкиот дом.

dobivaj vesti na viber

„Канцеларијата за сајбер безбедност процени дека WhatsApp претставува висок ризик за корисниците поради недостаток на транспарентност во однос на заштитата на корисничките податоци, недостатокот на енкрипција на податоците во складиштето и потенцијалните безбедносни ризици поврзани со неговата употреба“, навел CAO во електронската пошта, според „Аксиос“

Microsoft Teams, Wickr, Signal, iMessage и FaceTime се наведени како прифатливи алтернативи. Вработените беа потсетени и да бидат претпазливи во врска со можни фишинг напади.

„Не се согласуваме со карактеризацијата што ја даде главниот административен службеник на Претставничкиот дом“, напиша портпаролот на Мета, Енди Стоун, на Network X.

„Знаеме дека членовите на Конгресот и нивните соработници го користат WhatsApp редовно и со нетрпение очекуваме да им дозволиме на членовите на Претставничкиот дом да го користат официјално, како што веќе прават нивните колеги од Сенатот. Пораките на WhatsApp се заштитени со енкрипција, што значи дека може да ги види само примателот, дури ни WhatsApp нема пристап. Тоа е повисоко ниво на безбедност отколку за повеќето апликации од списокот на CAO кои ја немаат оваа заштита“.

Оваа мерка доаѓа по ограничувањата за користење на други апликации кои беа оценети како ризични. Меѓу нив се ChatGPT, TikTok, DeepSeek и Microsoft Copilot.

Прикажи повеќе...

Најново

Hitech21 минута

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за...

Македонија15 часа

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија15 часа

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија18 часа

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија18 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ18 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија19 часа

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија20 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија20 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија22 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет23 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет23 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет24 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет1 ден

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија1 ден

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ1 ден

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија2 дена

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ2 дена

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...