Европа
Норвешкиот министер Бренде итно замина од Белград поради заложничката криза

Норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде итно ноќта кон четвртокот ја напушти српската престолнина Белград на повикот на неговата влада во Осло, откако Исламската држава објави дека грабнала и како заложник држи еден државјанин на Норвешка, соопштија од српското министерство за надворешни работи
Исламската држава објави во средата навечер на интернет дека во заложништво земала еден државјанина на Норвешка и еден Кинез, објавувајќи ги нивните фотографии во жолта затвореничка униформа и ги понуди на продажба. Норвешката влада потврди во текот на ноќта кон четвртокот дека еден нејзини државјанин е грабнат во Сирија.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изрази жалење поради заложничката криза во која припадниците на џихадистичката терористичка организација Исламска држава грабнале норвешки државјанин, поради што неговиот норвешки колега Борге Бенде морал итно да ја прекине посетата на Србија и да се врати во Осло.
„Се случи уште една трагедија, заложничка криза, така по налог на норвешката премиерка, шефот на норвешката дипломатија по кусиот разговор за време на работната вечера со министерот од Луксембург (Жан Аселборн ) итно мораше да се врати во Осло“, се истакнува во изјавата на Дачиќ цитирана во соопштението на српското министерство за надворешни работи, пренесе агенцијата Танјуг.
Норвешка поединечно е најголемиот донатор на Србија, а шефот на нејзината дипломатија во четвртокот требаше да ги посети мигрантите во Белград и во прифатниот центар во Кањижа, и да најави дополнителна помош од Осло за Србија за решавањето на бегалската криза.
Норвешка во средата понуди да организира меѓународна донаторска конференција за да им се помогне на милионите бегалци од Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.