Македонија
ДПИ предложи разрешување на директори на училиштата во Чаир
Државниот просветен инспекторат поднесе прекршочни пријави до Основниот суд и предложи разрешување на директори до училишните одбори и градоначалникот во Оштина Чаир, затоа што не е испочитуван рокот за симнување на таблите со новите незаконски имиња на училиштата.
„ДПИ согласно законскиот рок на ден 17. 09.2012 година изврши контролен инспекциски надзор во училиштата во Чаир, при што е констатирано дека не е постапено по донесените решенија.Од страна на ДПИ поднесени се прекршочни пријави до основен суд и согласно Законот за основно образование дадени се укажувања со предлози за разрешување на директори до училишните одбори и градоначалник“, се вели во соопштението од ДПИ.
Министерството за образование и наука нема законска надлежност за постапување во случајот со отстранувањето на бистите, поради тоа пратено е известување до институциите кои имаат таква надлежност, дообјаснуваат од ДПИ.
„Ќе ја разгледаме информацијата од ДПИ и ќе постапиме согласно законските норми“, вели Иво Котевски, портпарол на МВР, за „Макфакс“.
Од Државниот просветен инспекторат појасннуваат дека побарано е од училиштата во законскиот рок што истече во неделата, да ги вратат таблите со актуелните имиња на училиштата, што од нивна страна во понеделник не било направено.
Исто така, појаснуваат дека до МВР е пратена информација за пријавување исчезнување на бистите од македонските херои и дејци чии имиња ги носат училиштата.
Имено, таблите на четири уличишта во скопската Општина Чаир, беа незаконски заменети и на почетокот на оваа учебна, а на влезот од нив беа поставени табли со испишаните нови имиња.
Така „Цветан Димов“ стана „Хасан Приштина“, „Рајко Жинзифов“ е „Исмаил Ќемали“, „Јане Сандански“ – „Јашар-бег“, а „Никола Вапцаров“ – „Имри Елези“.
Општина Чаир дала зелено светло за училиштето „Седми март“ да го носи името на Адем Јашари, еден од основачите на ОВК убиен од српските сили во 1999 година.
Училиштето пред само неколку години од „Даме Груев“ беше преименувано во „Седми март“, ден на наставниците Албанци, но ова училиште повторно е со ново име, „Адем Јашари“.
За да се смени името на училиштето мора да се промени Статутот, за што одобрение треба да потпише министерот за образование, но без никаков официјален документ, општинарите решиле да ги стават таблите со имињата кои ги подготвија пред неколку месеци.
Од министерството за образование, тогаш рекоа дека со ова не само што ги прекршиле законите, туку ниту еден документ кој ќе го издадат нема да биде валиден. И сведителствата од училиштата ќе бидат неважечки. Но ќе има и казни за тие кои не го почитуваат законот.
Општина Чаир официјално донесе одлука да се преименуваат имињата на четирите основни училишта на нејзина територија на седница на Советот во јануари, без присуство на советниците од ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ.
Од Министерството информираа дека документ кој би бил издаден од страна на училиштата со променето име и кое не е заведено во Централниот регистер ќе се смета за нелегитимен.
Казната за правното лице е 2.000 евра во денарска противвредност, додека за одговорното лице кое е надлежно за законитоста во училиштето, казната изнесува од 500 до 800 евра во денарска противвредност./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Анкетната комисија има за цел да се утврдат сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со човечки жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.
„Оваа Анкетна комисија се поднесува заради сериозноста на последиците на трагедиите кои се случија последните неколку години, несреќата во дискотеката во Кочани, несреќата на Беса транс, Модуларната болница во Тетово и несреќата на Дурмо Турс кај Ласкарци. Целта на ваквата Анкетна комисија е да се разгледуваат сите пропусти и сметам дека овие трагедии коишто со човечки животи ги платија недолжни луѓе имаат заеднички именител кај сите четири трагични несреќи се забележува сплет на пропусти на многу институции, нефункционалност на добар дел од системот и раководители на одредени институции коишто создале една опасна замка за сите четири несреќи во којашто замка за жал ненадоместливо имавме загуба на 138 човечки животи. Целта е исто така било кои наоди што ќе се добијат да бидат испратени до Владата и до ЈО, кои можат да помогнат во лоцирањето на политичка одговорност и кривична одговорност“, рече Милошоски.
Пратеникот истакна дека е потреба неселективност за сите трагични настани со што би со дошло до објективно согледување и решавање на системски пропусти и недостатоци.
„Со изгласувањето и формирањето на една ваква Анкетна комисија ние како пратеници и како Собрание би покажале неселективност, затоа сметам дека сите овие 4 трагични настани коишто резултирале со ваква ненадоместлива штета и за семејствата и за целата држава, не треба да бидат селективно разгледувани, туку да бидат разгледувани како една целина за да можеме со објективни согледувања да дадеме препораки за поправање на одредени системски недостатоци“, вели Милошоски.
Милошоски упати апел до пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче да даде поддршка за оваа Анкетна комисија која ќе ги разгледува покрај актуелните и сите други трагични настани.
„Затоа би сакал освен овие 75 потпишани пратеници да го повикам и да го замолам и пратеникот Венко Филипче како претседател на опозиционата партија и како подносител на следната иницијатива да даде поддршка за оваа Анкетна комисија којашто не исклучува ниеден трагичен настан, напротив ќе ги разгледува сите. Ќе ги разгледува и тие коишто се најактуелни во моментов но исто така и оние кои се случија во времето кога Филипче беше член на владата во чиј мандат се случија и дел од овие трагични несреќи“, рече Милошоски и додаде:
Ако гласаме заеднички за една Анкетна комисија без селективност и со истото чувство на емпатија можеме да имаме поголеми шанси да стигнеме до препораки и заклучоци коишто би биле корисни за целата држава и би послужиле за системски корекции за во иднина да се намалат ризиците за вакви трагедии.
Македонија
СДСМ: Дали поради случувањата во Србија, Мицко или Мали Вучко бега од своите бизнис-партнери
Најавата дека премиерот Мицкоски од здравствени причини го има откажано учеството на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје отвора и едно клучно прашање, велат од СДСМ.
„Дали поради случувањата во Србија, Мицкоски или така наречниот Мали Вучко бега од своите бизнис партнери?
Во исто време, денеска беше потпишан и некаков меморандум за соработка со Србија а не се соопшти конкретно за што се однесува.
Дали можеби е меморандум за неиспорачувањеЕ“.
Во последно време, додават од опозициската партија, „се случува една коинциденција на слошувања, и во Србија и во Македонија“.
Ова, како што истакнуваат, се прашањата на кои Мицкоски треба да одговори.
Македонија
Лицата со попреченост не бараат привилегии, туку можност: Ѓорѓиевски во Дневниот центар за лица со церебрална парализа
По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа.
„Посебна чест е да зборуваме за Дневниот центар за лица со церебрална парализа, место кое повеќе од две децении нуди поддршка, развој и топлина. Преку Центарот поминале над 100 лица, а денес 22 корисници тука учат, растат и се развиваат. Овие бројки претставуваат вистински животни приказни и мали, но големи победи.
Овој Центар постои благодарение на визијата и упорноста на Здружението на родители на деца со церебрална парализа – Скопје. Нивната љубов ја започна приказната, а стручниот кадар и родителите секој ден ја продолжуваат.
Како град Скопје, наша должност е да овозможиме уште подобри услуги, поголема достапност и вистинска инклузија“.
Лицата со попреченост, додава скопскиот градоначалник, не бараат привилегии, туку бараат можност.
„А ние сме тука да ја создадеме. Секогаш ќе бидеме силна поддршка!
Да испратиме порака дека секое дете, секој млад човек и секој возрасен има свое место, свој потенцијал и своја важна улога во нашата заедница“.

