Регион
Грција критикувана од германските политичари поради бегалската криза
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, како и министерот за внатрешни работи на германската сојузна покраина Јоаким Херман ја критикуваа во неделата Грција поради начинот на кој управува со најголемата миграциска криза во Европа од крајот на Втората светска војна.
Шојбле кој изминатава година редовно се судираше со грчките функционери околу економската политика, изјави за весникот Bild am Sonntag дека Атина со години ги игнорира правилата која ги обврзуваат имигрантите да побараат азил во онаа земја од Европската унија во која прво ќе влезат.Додава дека германските судови пред извесно време пресудиле дека со имигрантите во Грција не се постапува хумано, па поради тоа тие не можат да бидат вратени во таа земја. „Грците не смеат само на другите да им ја префрлуваат одговорноста за своите проблеми, тие исто така мора да размислат што самите да сторат подобро, вели германскиот министер за финансии.Грција е главниот влез за Европската унија за имигрантите кои пристигнуваат преку Егејското Море, и се соочи со критики и од другите европски влади кои сметаат дека сторила многу малку за управување со бранот од повеќе стотици илјади бегалци кои доаѓаат до нејзините брегови.Баварскиот министер за внатрешни работи Херман, исто така, во неделата во разговорот за весникот Die Welt am Sonntag ја критикуваше Грција дека лошо ги контролира надворешните граници на ЕУ. „Она што го први Грција е фарса“, тврди Херман. Додавајќи дека секоја земја којашто не ги исполнува своите обврски за осигурување на надворешните граници мора да ја напушти шенгенската зона.Истакнува дека е неопходно да се осигури и границата со Словенија, така што луѓето коишто ќе влегуваат во Шенген зоната од Хрватска да бидат прописно регистрирани, а потенцијалните терористи забележани. „Доколку тоа не се исполни за неколку седмии, ќе мораме да станеме поактивни на своите сопствени граници, додава./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.