Црна хроника
Од стан украден накит вреден 90.000 евра
Во неделата, во Скопје, од стан е украден накит вреден речиси 90.000 евра, соопшти полцијата.
Во неделата, во Скопје, од стан е украден накит вреден речиси 90.000 евра, соопшти полцијата.
Имено, во неделата, било пријавено дека на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје непознат сторител извршил тешка кражба во станот сопственост на В.В.(65) од Скопје при што одзел разновиден накит кој според пријавата на оштетениот е во вкупна вредност од околу 5.528.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.