Регион
Грција разгледува враќање на бегалците во Турција

Грција ја разгледува можноста за прогласување на Турција за сигурна земја, што би ѝ овозможило таму да ги враќа барателите на азил кои пристигнуваат на нејзината територија од турските брегови, а таа опција ја предвидела Европската унија, изјавил за AFP во четвртокот грчки владин извор.
„Сé уште не е донесена никаква одлука, меѓутоа таа се разгледува“, рекол неименуваниот извор.
„Грција врз основа на меѓународното право може да ја донесе споменатата одлука еднострано, меѓутоа во практиката потребна е соработка од Турција и преземање на лицата кои бараат азил кои дошле од нејзина територија“, додаде овој извор.
Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Курублис ја објави ваквата намера по средбата во Атина со францускиот и германскиот колега, Бернар Казнев односно Томас де Мезиер., која беше насочена на средствата за намалување на приливот бегалци и имигранти во Европската унија.
Прашањето може да е поврзано со одлуката НАТО да започне операција во Егејското Море и таму да го сузбива приливот на имигранти кои тргнуваат од турското крајбрежје. Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави во четвртокот пред заминувањето од Брисел дека таквата одлука значи дека силите на НАТО распоредени во Егејското Море и на крајбрежната линија на Турција ќе гарантираат дека сите запрени мигранти ќе заминат директно во Турција.
Таа одредба може да се примени само на лицата кои се затекнати во турските територијални вод, додека за оние кои ќе бидат откриени во грчките води мора да биде покрената процедура за одредување на статусот барател на азил или имигрант на кој му се заканува враќање./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.