Црна хроника
Уапсени провалници во куќи, фирми и театри
Скопската полиција во неделата подене кривична пријава против повеќе лица, меѓу кои има и двајца малолетници, коишто се осомничени за извршување тешки кражби во приватни станови и куќи, како и во претпријатија и два театра во градот.
Имено, според документираните сознанија од истрагата, пријавените тешките кражби, една во стан и две во куќи, пријавенитет вкупно осум лица, ги вршеле во вечерните часови откако ќе се увереле дека нема да бидат забележени и со употреба на сила и погоден алат влегувале во објектите од каде што одземале разни предмети, како на пример, сервиси за јадење, вилушки, разна гардероба и алати, а во еден случај однеле и 130 килограми бакар и околу 70 килограми месинг. Украдените предмети ги препродавале на пазарот за стари работ на Кале а дел и на еден од пријавените, а парите ги трошеле за свои потреби.
Потоа тешките кражби во останати објекти и тоа две во театар, поточно во Театарот Комедија и во Албански театар, а една во фирмата „Репро Принт“ ДООЕЛ Подружница на дневнито весник „Нова Македонија“ на улицата „Васил Ѓоргов“, ги извршиле така што ги откорнувале металните заштитни решетки кои биле поставени на прозорците а потоа ги кршеле и ги отворале прозорците, се прекачувале и влегувале во објектите.
Таму вршеле пребарување и претурање при што одзеле телевизори, ДВД плеер, тв ресивер, три мечеви, 12 лап-топ компујтери, разна фотографска опрема (апарати, торбици, објективи, блицеви и друго), а потоа го напуштале местото на настанот. Украдените предмети ги носеле во населбата Шуто Оризари и ги продавале на еден од сега пријавените за многу пониска сума од реалната, а добиените пари ги поделиле и ги потрошиле за свои лични потреби.
И последната тешката кражба ја извршил во моторното возило, првопријавениот кој со употреба на подесен алат и физичка сила ја отворил совозачката врата од возилото влегол внатре го откорнал и го одзел радио ЦД-то, и истото го однел во населба Шуто Оризари и го продал на пазарот, а парите ги потрошил за свои лични потреби.
Секретаријатот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Д.Ф. (20) кој се сомничи за извршени седум кривични дела – “тешка кражба“ , Д.О. (23) , Б.С. (23) и М.Б. (16) за извршени по три кривични дела – “тешка кражба“, како и против лицата И.Н. (21) за едно кривично дело “тешка кражба“ казниво по чл.236 од КЗ на РМ и Р.С. (44 ) , Р.С. (30 ) и Г.А. (16) кои се сомничат за сторено кривично дело – “прикривање“ предвидено и казниво по чл. 261 од КЗ. Пријавените, кои кривичните дела ги извршиле во периодот од април минатата година до февруари годинава (четири на подрачјето на Бит Пазар и три на подрачјето на Центар) се проценува дека притоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 2.614.637 денари.
рз основа на наредба на Основен Суд Скопје 1 – Скопје бил извршен ретрес во домот на пријавениот Р.С. при што кај него се пронајдени дел од украдените предмети кои со потврди се одземени и истите се вратени на оштетените.
Инаку Д.Ф. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега му се поднесени шест кривични пријави, исто така и на Д.О поднесени му се четири кривични пријави од областа на имотните деликти, а кривично пријавувани преходно се и Б.С. (една кривична пријава, И.Н. тринаесет кривични пријави, Р.С. една, и М.М. две кривични пријави./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

