Европа
Копилотот на Germanwings ја информирал пилотската академија за депресијата
Копилотот на германската воздухопловна компанија „Germanwings“ за кого се верува дека минатиот вторник намерно го урна авионот во француските алпи ја информирал своевремено пилотската школа на компанијата мајка „Lufthansa“ за тешката депресија од којашто пател, објави компанијата во вторникот.
Претседателот на управата на „Lufthansa“, Карстен Шпор претходно минатата седмица изјавуваше дека компанијата немала никакви информации коишто би упатувале дека копилотот 28-годишниот Андреас Лубитц би бил склон на уривање на авионот „Germanwings“, тврдејќи дека тој бил целосно способен за управување со леталото „Airbus А320“ во чиешто уривање загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.
Своевремено „Lufthansa“ и Лубитц заедно одлучиле привремено да го прекинат на неколку месеци неговото школување, но тој потоа го минал лекарскиот преглед и добил потврда дека може да лета.
Кога во 2009 година ја продолжил пилотската обука, на надлежните во пилотската школа им ги поднел лекарските потврди во кои стои дека имал „претходни епизоди на тешка депресија“, објави „Lufthansa“, наведувајќи детали од комуникацијата преку електронска пошта меѓу Лубитц и пилотската академија.
Државниот обвинител во Диселдорф во понеделникот изјави дека Лубитц, пред да ја добие пилотската дозвола, бил лекуван поради склоности на самоубиство. Потврдите за боледување, кои по несреќата беа пронајдени во неговиот дом искинати, укажуваат дека Лубитц пател од болест која била фатална за него. Од „Germanwings“ објавија дека не добиле никаква потврда или упат на боледување за денот кога се случи трагедијата.
Од „Lufthansa“ преписката меѓу Лубитц и пилотската школа по интерната истрага му ја проследиле на државното обвинителство во Диселдорф, објави компанијата.
„Копилотот на летот 4U9525 ја прекинал на неколку месеци обуката во летачката школа, Подоцна во текот на неопходните лекарски прегледи потврдена е неговата подготвеност за летање“, се вели во соопштението на „Lufthansa“.
Воздухопловната компанија „во интерес на брзото спроведување на истрагата на обвинителството во Диселдорф му ги предаде дополнителните документи, особено што се однесуваат на обуката (на Лубитц) и медицинските белешки“, се наведува. „Тие ја опфаќаат електронската преписка на копилотот со школата. Во неа, копилотот, тогаш кадет во 2009 година, во врска со продолжувањето на обуката ја испраќа медицинската евиденција и информира за манифестацијата на ‘тешка депресивна“ состојба. Компанијата ќе продолжи да дава целосна поддршка на истрагата“, истакнуваат од „Lufthansa“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

