Скопје
Советот на општина Центар ги изгласа измените на Деталните урбанистички планови
Иако претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, се изјасни „Против“ деталните урбанистички планови за Тасино Чешмиче 1 и Капиштец, откако советниците од СДСМ и коалициските партии одлучија да ја напуштат седницата во знак на револт, тој со неговото присуство обезбеди кворум за гласање по што советниците од ВМРО – ДПМНЕ ги изгласаа спорните измени.
Советничката група на СДСМ и Жерновски ја напуштија седницата во знак на револт откако не успеаа од дневен ред да ги тргнат точките од двата урбанистички планови. Жерновски побара точките да бидат тргнати од дневен ред, но бидејќи Шиповиќ гласаше воздржано, а имаше ист број гласови „За“ и „Против“ иницијативата беше одбиена.
Останувањето на Шиповиќ во салата, и покрај заминувањето на неговите сопартијци, значеше дека има кворум, па седницата можеше да продолжи и да се гласа за точките кои беа ставени на дневен ред.
Претходно, советниците на ВМРО-ДПМНЕ го повлекоа предлогот за промена на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, со кој се предвидуваше реконструкција на Градскиот трговски центар во барок-стил.
Гласањето на Шиповиќ, за советниците на СДСМ значеше дека тој подлегнал под притисокот на власта, иако самиот Шиповиќ изјави дека не подлегнува на притисоци и не дозволува неговата судбина да биде тема на политичко профитерство.
„Сакам да нагласам дека никогаш нема да дозволам мојата судбина и на моето семејство да биде тема на политичко проофитерство, ниту на мојот СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Да ме интересираа пари, немаше да чекам осум месеци и да седам во притвор“, рече Шиповиќ.
Седницата на Советот на општина Центар привлече огромно внимание и интерес откако во претходните неколку дена се појавија информации дека Шиповиќ поради притисок ќе гласа во полза на ВМРО – ДПМНЕ, што пак ќе значи дека СДСМ ќе го изгуби мнозинството во Советот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




