Црна хроника
Две тешки кражби во скопско

Две тешки краби се случиле во изминатото деноноќие во скопје и околината, при што е причинета штета од околу 3.000 евра.
Две тешки краби се случиле во изминатото деноноќие во скопје и околината, при што е причинета штета од околу 3.000 евра.
Првата кражба се случила во Визбегово, каде непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил балконската врата од куќа сопственост на А.Ф.(37) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Втората кражба е регистрирана во Скопје на ул.„Душан Тасковиќ“ при што непознат сторител со насилно отворање на прозорец од стан сопственост на И.П.Б.(33) извршил тешка кражба при што одзел новчаник во кој имало документи и 500 евра, и еден лап топ по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 60.000 денари.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајите./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.