Европа
Германија ќе сместува бегалци во поранешното седиште на Штази
Поранешното седиште на тајната полиција на комунистичка Источна Германија, Штази, ќе се претвори во привремен дом за бегалците, јавија германските медиуми.
Околу 500 луѓе, најмногу од Сирија, Ирак и од Авганистан, се сместени во канцелариите на импозантното поранешно Министерство за државна безбедност од петок попладне, пишува Berliner Zeitung. Во зградата ќе бидат привмремено сместувани околу 900 луѓе.„Собите конечно ќе бидат употребени за нешто значајно“, вели портпаролот на гермаснкиот Црвен крст, Рудигер Кунц.Некогаш, ова крило беше на шефот на шпионите, Маркус Волф. Познат како „Човекот без лице“, затоа што западната интелигенција долго не можеше од него да обезбеди ни фотографија, Волф раководеше со една од најуспешните шпионски мрежи близу три декади.Легенда уште во своето време, Волф успешно предводеше повеќе од 4.000 шпиони, за време на Железната завеса, од 1958 до 1987 година, кога инфилтрира безброј „кртови“ во владината администрација на Западна Германија.Крилото на Волф го користеше националната железничка компанија Deutsche Bahn во 1990 тите години, но слободно е веќе неколку години, пишува Tagesspiegel.Во секоја канцеларија ќе се сместат по шест луѓе, кои ќе чекаат максимум три месеци трајно сместување.Седиштето на Штази, каде се чуваа податоци за безброј жители на Источна Германија, ќе остане како музеј, пишува Berliner Zeitung./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и поведена е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата, која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
„Ројтерс“ сѐ уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и во Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори што ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД тие може да ги одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.
Европа
(Видео) По масовните напади на Крим, сателитските снимки откриваат уништени руски авиони и оштетени згради
Сателитските снимки до кои дојде Си-ен-ен покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во воздухопловната база Белбек во Севастопол во средата. Станува збор за пресретнувачи „микојан миг-31“ и борбени авиони „сухој су-27“.
Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиона на главната писта кај Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпела значителна штета.
On @Maxar imagery, two MiG-31s and one Su-27 have been completely destroyed, and a MiG-29 damaged, at the Russian Air Force’s Belbek Airbase in occupied Crimea. A fuel storage near the main airbase runway was also destroyed, and debris continued to burn in the aftermath. https://t.co/ZWflMYUFVw pic.twitter.com/80N56MRP2h
— Christiaan Triebert (@trbrtc) May 16, 2024
Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол назначен од Русија, утринава преку „Телеграм“ изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Вторпат Белбек е цел на Украинците во последните 48 часа.
Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментот не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“.