Филм
Филмот „Од другата страна“ го отвора „Охрид Филм Фест“
Еден од најголемите и најхаризматични актери на овие простори Лазар Ристовски ќе го одбележи отворањето на првиот Интернационален фестивал на ангажиран филм „Охрид Филм Фест“, што почнува во петок и ќе трае до 15 јуни.
Фестивалот почнува со хрватско-српската копродукција „Од другата страна“ на Зринко Огреста. Овој филм ја имаше својата светска премиера на годинешниот Берлински фестивал, а во Охрид ќе се одржи неговата регионална премиера. Охрид Филм Фест е фестивал кој се фокусира на ангажираниот филм и на студентската програма. „Фестивалот ќе се обиде да понуди и да донесе нешто ново, да предизвика дискусии, коментари, соочувања, критики реакции. Ќе се обиде преку ангажираните теми и најгорливи и најактуелни теми и проблеми во светот да направи да заживеат разговорите по проекциите на фестивалите, да предизвика интерес, но и низ разговорите со авторите да придонесе кон осознавање и откривање нови простори“, изјави дриректорката и селектор на главната програма Сунчица Уневска. Целта и таргетот на фестивалот се младите односно можноста Охридскиот фестивал да стане место каде што редовно ќе се одржуваат мастеркласи, работилници, средби, каде што младите ќе можат да учат директно од искуството на еминентните автори.Освен Лазар Ристовски и филмот „Од другата страна“ кој зборува за последиците од војната во Босна, но последици на луѓето, „Охрид Филм Фест“ ќе ја донесе и француската актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот „Пат за Истанбул“ на Рашид Бушареб. Бушареб е француски режисер со алжирско потекло кој последниве 10-15 години редовно освојува награди на големите фестивали. „Пат за Истанбул“ третира уште една извонредно актуелна тема, зошто младите се повеќе одат на џихад. Во програмата се поместени уште неколку многу интересни наслови кои зборуваат за судбините на мигрантите, но и за судбините на жените кои нивните семејства ги продаваат без оглед на се или се убиени од нивните мажи или љубов, како иранскиот „Сонита“ или турскиот „Би сакала да се измие со дождот“.Освен главната програма, фестивалот ги содржи и програмите Видици, Програма на кратки филмови и Програма Охрид на филм.Програмата Видици ја селектираше новинарката и филмска критичарка, Марина Костова, која за својот избор на филмови вели: „Филмовите на Видици имаат еден заеднички именител – откриваат дела луѓето се исти секаде во светот. Исто страдаат од сиромаштија, неправда, изгубени илузии, потлаченост и исто се борат за трошка среќа. Авторите ги истражуваат овие теми и низ документарна форма, а секое дело е повик на дијалог за природата на правдата, на социјалната и родова еднаквост, на неконформизам и на среќата“. Селектор на кратката програма е филмскиот критичар Влатко Галевски. „Охридскиот филмски фестивал се приклучува кон големата светска фамилија на фестивали кои го презентираат и афирмираат новиот бран на идните филмски ппрофесионалци“, рече Галевски на вчерашната прес-конференција што се одржа во Охрид. Кратка програма или Програма посветена на млади студенти, ќе го има едукативниот карактер и ќе понуди малку поинакви содржини. Во Охрид е востановена и Филмската школа ФАМУ што ќе го овозможи линкот со студентите.Основан од граѓанската асоцијација за ангажиран однос кон филмската култура „Аквариус“, а во соработка со Филмската школа од Охрид, ОИФФ е замислен како прв македонски интерактивен фестивал на кој главен таргет ќе бидат студентите од македонските филмски школи, но и од регионот, а подоцна и од Европа. Целта е движење и промена, размена и можност да се разговара директно со филмските автори за нивните дела и со еминентни имиња од светот на филмот кои ќе го споделат своето искуство. А една од главните цели ќе бидат и работилниците на кои ќе се развиваат проектите на младите филмаџии под менторство на стручњаци од одредени области. Охридскиот филмски фестивал ќе ја врати филмската критика, која речиси веќе и не постои во Македонија, на голема врата. Користејќи го токму ангажираниот филм, кој често значи бунт, коментар, соочување, дебатирање, поставување прашања и барање одговори. А познато е од историското искуство дека она што првенствено ги движи работите, е критичната маса.Првата година Фестивалот ќе има и програма насловена „Охрид на филм“. Филмскиот фестивал ќе ја врати љубовта кон филмот и ќе му зададе удар на филмскиот мрак во градот, бидејќи во Охрид нема редовен кинорепертоар. Охрид дава можност и за проекции на отворено и за едно посебно доживување, по примерот на многу други фестивали. А во иднина ќе воведеме и програма за млади, што во овој град ќе овозможи едукација и развој на филмската култура од најрана возраст. Специјално за Охрид годинава ќе направиме програма посветена на градот и на филмовите кои се снимени во Охрид и за Охрид. Програмата е насловена „Охрид на филм“.„Годинава иако прва имавме навистина голем избор со оглед на тоа што на повикот на фестивалот се пријавија речиси 800 филма. Кратката програма годинава опфаќа 44 наслови од цел свет, меѓу кои се вклучени и пет македонски филма.“Програмата Посветено годинава е предвидена за специјалната проекција на култниот македонски филм „Мирно лето“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

