Европа
Австрија: Тројно повеќе барања за азил во 2015 година
Во Австрија досега годинава се поднесени 63 илјади барања за добивање на азил, соопштила австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер, потсетувајќи дека минатата година имало вкупно 28 илјади барања за азил.
Во вторникот и средата бил забележан најголемиот број на барања на азил од почетокот на водењето на евиденција по ова прашање.
„Австрија не е само транзитна земја, туку и дестинација – во средата беа поднесени 580 барања, а во вторникот 560, што досега е најголемиот број во само еден ден“, нагласила австриската министерка. Таа укажала дека Австрија, врз основа на бројот на населението, има поголемо оптоварување отколку Германија.
„Бројот на бегалците изминатите неколку дена, како во Австрија, така и во Германија, постојано расте, веројатно поради тоа што пред зимата многумина се обидуваат да дојдат преку Балканот“, рекла Микл Лајтнер.
Со цел справување со големиот број на молби, Микл Лајтнeр најавила зголемување на бројот на вработени за уште 500 лица во Службата за странци и азил. Просечното траење на постапката за решавање на молбата за добивање на азил трае помеѓу пет и шест месеци, а според нејзе, сега сигурно ќе трае повеќе.
Од почетокот на септември на територијата на Австрија влегле 355 илјади бегалци, од кои повеќето го продолжиле патот кон Германија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.