Скопје
Нова шума никнува близу Припор
Вработените на Цементарница Усје АД Скопје и жителите на населбата Припор во заедничка акција засадија 5500 садници. Садниците ги обезбеди УСЈЕ, а сите 5500 дрвца ќе имаат и соодветен систем за наводнување, со што ќе се овозможат соодветни услови за растење на садниците.
Во оваа акција се засадени 3000 чемпреси, 2000 багреми, 250 тополи во висина од пет метри и 250 јавори во висина од 3,5 метри. Засадените садници во вегетативен период ќе имаат капацитет за апсорпција на 900 кг јаглерод диоксид и да произведат 600 kg кислород по хектар дневно.
„Унапредувањето на заедницата и грижата за животната средина се врвен приоритет на УСЈЕ. Сите акции во оваа насока ги организираме во партнерство со нашите соседи, жителите на општината Кисела Вода, бидејќи грижата за околината е наша заедничка одговорност и мисија. Продолжуваме да реализираме низа активности во оваа насока и во следниот период“, истакна Борис Хрисафов, главен извршниот директор на УСЈЕ.
УСЈЕ само во изминатите пет години има засадено повеќе од 90 000 дрвца во кругот на компанијата и нејзината околина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

