Скопје
Бесплатен фитнес, зумба и аеробик за скопјани

Бесплатен час по фитнес ќе се одржи во петок (04. јули) во Градскиот парк во Скопје пред Школка во 18,30 часот, додека редовните термини во иднина ќе бидат секоја среда и сабота во истиот термин на Градската плажа ’Парк’.
Бесплатните часови по фитнес ги организира Град Скопје во соработка со велнес тренерите од здружението на граѓани ’Студио Актива’, а со цел подобрување на здравствената состојба на граѓаните на Скопје, како и воведување нова рекреативна содржина во градот.
Мотото на овој проект е „Вежбаме, здрави сме“.
„Сите заинтересирани граѓани на Скопје, во дадените термини, бесплатно ќе можат да вежбаат фитнес, зумба, аеробик и милитари тренинг на кејот до ракометарското игралиште на песок при Градска плажа ’Парк’“, информира Град Скопје.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Ќе биде казнет секој локал што има поставено дополнителни маси и столови од тоа што им е исцртано во елаборатот

Општина Карпош известува дека во наредниот период ќе се вршат засилени контроли од страна на сектор Инспекторат во попладневните и вечерните часови на урбаната опрема на територија на Општината.
„Ве опоменуваме дека секој локал кој ќе има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема, ќе бидат веднаш казнети и ќе биде поведена постапка за отстранување на урбаната опрема како и времена забрана за поставување на истата“, велат од Општината.
Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.