Свет
Речиси 40 отсто од Европејците имаат ментални проблеми
Европејците сé почесто се жалат на невролошки и ментални пореметувања. Речиси 165 милиони луѓе или 38 отсто од европското население секоја година боледува од мозочни пореметувања, како што се депресија, мачнини, несоница или деменција, се наведува во новата голема студија.
Европејците сé почесто се жалат на невролошки и ментални пореметувања. Речиси 165 милиони луѓе или 38 отсто од европското население секоја година боледува од мозочни пореметувања, како што се депресија, мачнини, несоница или деменција, се наведува во новата голема студија. Во само третина од случаите болните ја добиваат потребната терапија или лекови и затоа менталните пореметувања стануваат голем стопански и социјален товар кој чини стотици милијарди евра., бидејќи болните толку лошо се чувствуваат што не можат да работата, а и личните врски им пропаѓаат. „Менталните пореметувања стануваат најголем европски здравствен предизвик во 21-от век“, наведоа авторите на студијата. Истовремено, некои од големите фармацевтски компании се откажуваат од вложувањата во истражувањата на работата на мозокот и неговото влијание врз однесувањето. Затоа товарот на финансирањето на неурозноста падна на владите и хуманитарните организации во здравството.Според Хан Урлих Витшен, директор на институтот за клиничка психологија и психотерапија на Универзитетот во Дрезден и водечкиот истражувач во споменатата европска студија, смета дека големиот расчекор во финансирањето на лекувањето на психичките проблеми кај населението мора да биде надминат.„Тој голем јаз мора да се затвори. И оние ретките кои се лекуваат, се лекуваат со задоцнување од неколку години, а многу ретко со најсовремената терапија“, вели Витшен. Витшен ја предводеше тригодишната истражувачка дејност со која беа опфатени 30 држави, 27 земји членки на Европската унија и Швајцарија, Исланд и норвешка, со вкупно население од 514 милиони луѓе. Но од студијата не може да се направи директна споредба на зачестеноста на менталните пореметувања во другите делови на светот, бидејќи различни студии употребуваат различни варијабилни параметри.Екипата на Витшен проучувала стотина болести, сите главни ментални пореметувања од тескобноста и депресијата до зависностите и шизофренијата, како и главните невролошки пореметувања како што се епилепсијата, Паркинсоновата болест и мултиплекс склероза. Резултатите од истражувањата во понеделникот ги објави Европската школа за невропсихофармакологија (ENCP), покажуваат дека менталните пореметувања се „изразено тежок товар“, изјави Витшен за медиумите во Лондон. Менталните заболувања се главниот проблем за смрт, инвалидитет и економското оптоварување во светот, a Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предвидува дека до 2020 година депресијата ќе биде второто водечко заболување во сите возрасни групи. Витшен дополнува дека во Европа, оваа грда перспектива веќе се остварила, заболувањата на мозокот веќе станаа поединечна најголема причина за болестите во рамките на Европската унија. Според него, четирите најлоши состојби се депресијата, деменцијата како на пример Алцхајмеровата болест и васкуларните деменции, зависноста од алкохол и мозочен удар./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос

