Европа
Медиуми: Дипломатијата на Меркел потсетува на ’молитвен тапан’

Германската канцеларка Ангела Меркел во решавањето на вооружениот конфликт во Украина не гледа алтернатива на преговорите, па дури и во случај тие веднаш да не доведат до конструктивно решение, пишува во статијата во германскиот неделник Süddeutsche Zeitung, познатиот публицист Јоханес Кун.
Авторот забележува дека на срдбата на германската канцеларка Ангела Меркел со американскиот претседател Барак Обама уште еднаш покажа дека Европа не го споделува ставот на Вашингтон за испорака на смртоносно оружје на Украина.
„Отсуствуваат гаранции за успехот на нашето посредство. Но пред паѓањето на Берлинскиот ѕид, исто така, се зборуваше дека тоа никогаш нема да се случи“, сумираше по средбата со американскиот челник Меркел за време на заедничката прес-конференција, истакнувајќи дека Германија „сé уште го преферира дипломатското решение“.
Покрај тоа, вели Кун, политиката што ја спроведува германската канцеларка води до фактот дека решението за украинската криза ќе биде постигнато не по средбата со Обама, туку за време на преговорите во Минск, на којашто ќе се сретне со челниците на Русија, Украина и Франција.
Авторот на написот го свртува вниманието на тоа дека дипломатијата не Меркел, којашто потсетува, како што го нарекува „молитвениот тапан“, зборува за тоа дека германската канцеларка е убедена дека украинскиот вооружен конфликт може да се реши само по мирен пат, но и дека на таквиот исход ќе мора да се чека подолго време, што сепак може да доведе до нови жртви на украинскиот југоисток./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин