Скопје
Се одржа третото издание на „Скопје креатива“
Третото издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“ се одржа во петок, 21-ви ноември, во Универзална сала.
Ексклузивно на годинешново трето издание беа промовирани многубројни нови производи и услуги од областа на креативните индустрии како: мобилната туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO). Оваа андроид апликација ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат да го посетат Скопје и ќе им помогне лесно и брзо да стигнат до саканата дестинација.
На фестивалот беше промовирана и првата македонска картонска, друштвена игра „Планетата Ерида“, како и онлајн апликацијата „База на податоци“ за креативниот потенцијал.
Исто така, посетителите можеа да видат креативни решенија за осветлување домови, како и креации на маси, чинии за овошје, закачалка за модни додатоци, накит, како и презентација на новите креативни решенија за „ВИВА“ , „МАМАС“ и „ПАКОМАК“.
По одржувањето на официјалниот дел на фестивалот за креативни индустрии со своите познати хитови настапи групата „Фолтин“, а потоа настапија и македонски диџеи.
Влезот за сите настани на фестивалот беше бесплатен.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

