Контакт

Свет

Грција сигнализира дека е подготвена на отстапки

Објавено пред

Грчката влада сигнализираше дека е подготвена на досега најголемите отстапки во разговорите со своите доверители, но се обиде и своите левичарски приврзаниците да ги убеди дека не се откажува од своите принципи коишто се противат на мерките за штедење.

dobivaj vesti na viber

Владата на радикалната левица предводена од премиерот Алексис Ципрас е подсилен притисок и дома и во странство да постигне договор со заемодавачите од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за да го избегне банкротот. Најновата анкета покажа дека три четвртини од Грците сметаат дека Атина мора по секоја цена да го постигне договорот и да остане во еврозоната.

Проширената екипа на грчките преговарачи ги започна во четвртокот со ткн Бриселска група во којашто се претставени еврозоната, ММФ и Европската централна банка (ECB), а преговараат за тоа кои реформи Грција треба брзо да ги озакони за возврат да добие помош. Се предвидува дека овие разговори ќе се одвиваат и во текот на првомајските празници, до неделата, а Ципрас е расположен да се приклучи и да ги забрза доколку биде потребно, изјавил за Reuters грчки функционер. Како знак на сериозност двете страни се договорија дена нема да даваат изјави за медиумите, додал извор од еврозоната.

Грција сака до следната седмица да постигне преоден договор во надеж дека тоа ќе ѝ овозможи ублажување на ограничувањата коишто ги наметна Европската централна банка, бидејќи на 12-ти мај мор на Меѓународниот монетарен фонд да му ја исплати ратата од кредитот во износ од 750 милиони евра.

По подготвителниот состанок меѓу грчките функционери во средата високи владини функционери изјавија дека Атина е подготвена да го продаде мнозинскиот удел во двете најголеми пристаништа и на компромис за стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ), како и на некои реформи во пензискиот систем, што е најјасна досега порака дека е подготвена на отстапки за да се постигне договор.

Челникот на министрите за финанси на земјите од еврогрупата Јероен Дијсеблом изјави на состанокот со членовите на холандскиот парламент дека еврозоната е подготвена на секоја можност. Запрашан дали постои „план Б“ доколку Грција не ги плаќа долговите или биде принудена да излезе од еврозоната, рече „дали еврозоната е подготвена на секоја можност, одговорот е – да“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет4 часа

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија18 часа

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија18 часа

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет19 часа

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје21 час

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија22 часа

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија24 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија1 ден

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ1 ден

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија1 ден

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет1 ден

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија1 ден

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет2 дена

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет2 дена

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ2 дена

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа2 дена

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија2 дена

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...

Топ2 дена

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 дена

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...