Контакт

Политика

Груевски: Вложуваме во млади политички кадри

Објавено пред

Луѓе со високи цели, образовани и мотивирани, луѓе со чувство, со визија, луѓе кои ги споделуваат принципите на Аденауер за мир, демократија, интеграција, меѓусебно почитување и разбирање, ни се потребни, порача премиерот Никола Груевски на обраќањето на првиот Македонско­ германски форум на тема „Политичката едукација како основа на демократијата: 15 години Фондација Конрад Аденауер во Република Македонија“, што го организираше Фондацијата по повод одбележување на 15­годишниот јубилеј од нејзиното работење во РМ. 

dobivaj vesti na viber

Тој смета дека вложувањето во кадрите со кои располага Македонија, воспоставувањето нови пракси и повисоки стандарди во политиката и политичкото работење во Македонија и понатаму останува фокус во работата.

Според Груевски, пред Македонија претстојат бројни предизвици во многу полиња, а одговорот на тие предизвици зависи од политиките, кои секогаш се поврзани со добри политичари.

„Токму затоа, потребни ни се луѓе кои со сиот свој капацитет ќе се вложат Република Македонија сигурно да продолжи да чекори по патот на реформите, интеграциите и подобрувањето во сите сфери на нашето општествено живеење“, рече Груевски.

Премиерот порача дека потребни се луѓе со високи цели, образовани и мотивирани, луѓе со чувство, со визија, луѓе кои ги споделуваат принципите на Аденауер за мир, демократија, интеграција, меѓусебно почитување и разбирање.

Според него, „Конрад Аденауер“ е фондација која 15 години успешно функционира во Македонија, достојно промовирајќи ги принципите на слобода, демократија, правда и солидарност и значајно афирмирајќи ги вредностите и целите на демохристијанската политика.

„Политичката едукација е наше заедничко поле на кое сите изминати години посветивме голем влог, а се со цел подигнување на стандарди во политиката и политичкото работење во Република Македонија“, рече Груевски.

Потсети на 2000­та година кога Фондацијата ја отвори својата прва канцеларија во Скопје и со тоа го означи почетокот на својата официјална работа во Македонија. ­ Четири години потоа, од позиција на претседател на ВМРО-­ДПМНЕ со тогашните пријатели од Конрад Аденауер ја дефиниравме идејата за воспоставување на прва политичка академија во Република Македонија, истакна Груевски.

Ваквата идеја, нагласи, беше силно водена од желбата да истапиме чекор напред во изградбата на политичари од нов ков, политичари кои ќе ги споделуваат демохристијанските вредности, но и политичари кои ќе ги споделуваат вредностите на работа од западните демократии.Посочи дека со таква замисла ја дефинирале идејата за воспоставување на прва политичка академија во организација на ВМРО-­ДПМНЕ и Конрад Аденауер и која ја одржале во 2004 година.

За 11 години, повеќе од илјада учесници од најразлични возрасти, структури и политички нивоа зедоа учество во високи професионални обуки на голем број различни теми. „Се работеше со млади луѓе, но и со високо профилирани политичари и носители на јавните функции“, рече Груевски.

Премиерот рече дека Фондацијата „Конрад Аденауер“ многу помогнала и во размена на искуства меѓу Бундестагот од Германија и Собранието на Република Македонија. Многубројните обуки за самите пратеници, но и за асистентите на пратеничките групи, појасни, се само дел од низата активности во насока на јакнење на капацитетите на пратеничката група на ВМРО­-ДПМНЕ.

„Се чини од најголема важност е фокусот кој во изминатиот период го поставивме на младите луѓе и на младите политичари. Преку програмите за стипендирање и едукација на „Конрад Аденауер“ поминаа голем број млади талентирани лица кои како идни кадри ќе се соочат со предизвиците на новото време, како од национално, така и од глобално  значење“, потенцира Груевски.

Значењето кое ВМРО­-ДПМНЕ го дава на младите, рече премиерот, се огледа и во структурата на луѓе со кои ВМРО-­ДПМНЕ се потпира како во своето политичко функционирање, така и во раководењето на институциите на системот.

„Во целата наша поставеност токму младите се нашата носечка сила и сосема заслужено голем број од нив денес се членови на највисоките партиски тела, членови на Владата, директори и други носители на јавни функции. Многу од тие кадри се и стипендисти на „Конрад Аденауер“, што јасно говори за влијанието кое Фондацијата го имала во нивната изградба како политичари“, додаде премиерот Груевски.

Генералниот секретар на Фондацијата „Конрад Аденауер“ Михаел Тилен рече дека партнерството за Фондацијата „Конрад Аденауер“ не е само збор, партнерство на исто ниво било а и понатаму е принцип на нивната работа и тоа насекаде каде делуваат.

„Партнерството и овде во Македонија претставува клуч за успешна работа на оваа фондација. На 1 јули 2000 година ја отворивме нашата канцеларија во Скопје. Оттогаш со нашите партнери можевме да организираме повеќе од 500 настани со над 20 илјади учесници и да објавиме над 100 публикации“, рече Тилен.

Според него, од сега па натаму треба форумот да се случува со менување една година во Скопје, а другата во Берлин и тој треба да претставува платформа за дијалог./крај/мф/бб

 

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени пожарите кај Велес и Македонски брод

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот, денеска се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор...

Македонија6 часа

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized6 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија7 часа

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија9 часа

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија10 часа

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија1 ден

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија1 ден

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ1 ден

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија1 ден

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија1 ден

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија1 ден

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија1 ден

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија1 ден

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија1 ден

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ1 ден

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт1 ден

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...