Регион
Грчката Влада бара гласање доверба во Парламентот
Грчката Влада следната недела ќе побара гласање доверба во Парламентот, а оваа одлука била донесена на средбата на лидерите на партиите кои ја сочинуваат владината коалиција – премиерот Андонис Самарас, лидер на централно-десничарската „Нова демократија“, и Евангелос Венизелос, министер за надворешни работи и лидер на централно-левичарската ПАСОК.
Гласањето доверба ќе се побара за „ Грција да демонстрира институционална стабилност”, а вистинската цел е всушност консолидирање на владејачката коалиција, во која се појавија потреси откако пред неколку дена Самарас и Венизелос си упатија меѓусебни остри напади.
Самарас и Венизелос на средбата се осврнале и на прашањето за изборот на шеф на државата, бидејќи ингеренциите на актуелниот претседател Каролас Папуљас завршуваат во февруари идната година, а тој нема право да се кандидира за трет мандат.
„Решени сме да ја демонстрираме политичка стабилност и единствена национална стратегија. Гласањето доверба ќе стави крај на политичката неизвесност, која се појави во последно време. Неодговорните политички сили и демагозите нема да успеат во обидот да ја пропаднат земјата. Грција ќе оди напред“ изјавил Венизелос по средбата со Самарас.
Од најголемата грчка опозициска партија – СИРИЗА пак, навеле дека одлуките на Самарас и Венизелос се „очајнички обиди да останат на власт уште неколку месеци”.
„Гласање на доверба може да ја даде само народот“, истакнал парламентарниот претставник на СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, алудирајќи на потребата од нови избори./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.
Регион
Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена.
Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д. под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите трагови и информации, ги уапси С.Ј и Д.Д. за кои се сомнева дека девојчето го удриле со автомобил а пото нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го однеле на депонија.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено.