Регион
Бројот на бегалците во Унгарија и натаму рекордно висок

Бројот на бегалците од Блискиот исток кои влегуваат во Унгарија и натаму е рекордно висок, соопштија во четвртокот тамошните власти известувајќи за повеќе од три илјади нови доаѓања.
Унгарската полиција регистрирале во средата 3.241 бегалец, повеќето Сиријци, кои влегле во земјата преку Србија. Нивната бројка се искачува на рекордно ниво трет ден по ред. Бранот бегалци во Унгарија и натаму расте и покрај заштитната ограда поставена по должина на 175 километри долгата граница со Србија.
Бегајќи од војните во своите земји, бегалците кои веќе успеале да минат преку Турција, Егејското Море, Грција, Македонија и Србија, во моментов минуваат на оние места каде сé уште не е подигната унгарската гранична ограда по должината на железничките пруги, или под оградата, велат полицајците.
Најавено е дека во септември Унгарија ќе донесе поостри закони против мигрантите кои нелегално ја минуваат границата и ќе распореди специјална единици која ќе имза задача да ги открива и да ги приведува./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Регион
Дачиќ: Полицијата не искористи ништо незаконски на протестот во саботата

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека обвинителството ги истражува наводите дека на протестот на 15 март бил употребен звучен топ и нагласи дека полицијата не употребила ништо што е незаконско средство.
„Како човек кој раководи со Министерството за внатрешни работи, можам да кажам дека несомнено е дека ние не користиме никакви незаконски средства, така што тоа е почетната точка на приказната што се однесува до нас, а сте слушнале дека и други државни органи го кажале приближно истото, дека српската полиција никогаш во историјата не користела таков тип на средства.
Што се однесува до звукот, нашата полиција има само уреди кои се користат за погласни соопштенија на повици или предупредувања, бидејќи според законот треба да предупредите некого пред да интервенирате, кога станува збор за поголеми собири, тоа значи нешто како можеби погласен мегафон“, изјави тој за ТВ Прва. Додаде дека дури и тоа не било користено.
Дачиќ рече дека полицијата потоа соработувала со чуварите од Студентската блокада. Тој истакна дека никој од полицајците на терен не забележал ништо што се случило освен она што подоцна беше соопштено, а кое е поврзано со наводна употреба на звучен топ.
„Имаше одредени дојави дека има луѓе со ножеви, пиштоли, дека е испукан топ, поради што луѓето во одреден момент се нервозни, но подоцна се смири. И тука полицијата ништо не забележала, ниту пак снимила нешто што би покажало дека имало некој удар.
Од таа страна уште еднаш ќе повторам дека немаме причина ништо да криеме“, рече Дачиќ.
Тој оцени дека проблемите треба да се решаваат со дијалог, дека е победа што сè заврши мирно во саботата и дека понатамошните чекори не зависат само од едната страна и дека сите заедно треба да видиме што ќе биде понатаму бидејќи, како што заклучи, блокадата на Србија не е решение, пренесува Танјуг.
Регион
(Видео) Радев: Бугарија може да прифати уште повредени од Кочани

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изрази сочувство до роднините на загинатите во Кочани, пренесе БГНЕС.
Шефот на Бугарија се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Република Северна Македонија.
Тој најави дека Бугарија може да прифати повеќе пациенти доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош.
„Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага за се што е потребно. Во моментов чекаме македонската страна да одлучи дали има потреба од преземање на уште 10 жртви од трагедијата. „Спартан“ и медицинските екипи се во готовност, па ќе пружиме помош“, најави Радев.
Оваа трагедија покажува дека луѓето од двете страни на границата можат и мора да се потпираат еден на друг, но не само во вакви денови како денешните, туку заради нашата заедничка европска иднина, заклучи претседателот на Бугарија.
Денеска е Ден на национална жалост во Бугарија, во спомен на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Животот го загубија 59 лица, над 155 се повредени.