Скопје
Почнува „Пиволенд 2016“
Традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“, ќе се одржи од 31 август до 4 септември на скопското Кале по деветти пат.
Пет фестивалски денови, од среда па до недела, посетителите на „Пиволенд 2016“ ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе следат богата музичка програма со големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство и ќе уживаат во катчињата за забава.„И годинава посетителите ќе имаат можност да дегустираат многу видови пиво, најразлични гурмански специјалитети и на над 100 музички настапи. Ги поканувам граѓаните на Македонија и на Скопје да дојдат на овој фестивал и да уживаат во богатата програма“, изјави Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, на денешната прес-конференција. Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари.Организаторите најавија дека музичката програма ќе биде поделена на три бини на Кале, како и една во Пивница „Стар Град“. Покрај на главната бина, ќе може да слушате добра андерграунд музика на Бла Бла стејџ (метал, хардрок, рок, хип хоп, рап, инди) и на Електро Денс стејџ (џангл, прогресив, хаус, техно, трап, транс).Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2016“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи. На сцената ќе ги слушаме: Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други.Од регионот ќе гостуваат Рибља Чорба и Министарке.Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“: Кендо, мечување, стрелаштво. На Пиволенд ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни. За оние што сакаат да експериментираат со вкусовите, ќе има штанд со пивски коктели, а од пиварниците велат дека секојдневно ќе има акциски промоции на одредени продукти. На фестивалот ќе се престави и првата микро пиварница во Македонија- „Темов“, како единствена од ваков тип во регионот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




