Црна хроника
Прегазена жена кај Католичка црква, се здобила со тешки повреди

Жена на возраст од 59 години била регазена во четвртокот вечерта на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ после кружниот тек, кај Католичката црква во Скопје.
Сообраќајката се случила околу 19.10 часот, кога автомобил „фиат уно“, со скопски регистерски ознаки удрило во жената која ја минувала улицата.
Жената со возило на Брза помош била пренесена во Ургентниот центар каде и биле констатирани тешки телесни повредени, односно скршеница. Задржана е на лекување на Клиниката за трауматологија.
Извршен е увид на местото на несреќата и земена е крв од шеесет и тригодишниот возач на автомобилот за да се утврди евентуално присуство на алкохол во крвта. Се утврдува како точно се случила несреќата./крај/мф
Извор: Фото:Телма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За време на рочиште истепал адвокат: кривична против маж од Кичево

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 49-годишник И.Ф. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тој, на 09.07.2025 година во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.
Црна хроника
Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје по што, се вклучило уште едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена пијана охриѓанка: управувајќи мопед, паднала и се повредила, а потоа била агресивна кон полицајците

Денеска во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишната М.М. од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.
Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.