Црна хроника
Арамии ограбиле жена пред менувачница и и украле 300.000 денари
Двајца разбојници во понеделникот во 16 часот ограбиле жена пред менувачница и украле 300.000 денари.
Крадците ја начекале педесет и петгодишната жена пред менувачница на улица Рузвелтова и и ја украле чантата во која имало денари и девизи.Полицијата ги бара крадците./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Црна хроника
Напад врз полицаец и апсења на четири лица кои се однесувале агресивно со полициски службеници, во пресрет на Денот на полицијата
Во пресрет на 7 мај – Денот на полуцијата, и денес билтенот на МВР е полн со апсења поврзани со напад и агресивно однесување кон полициските службеници.
Така, според информациите од МВР, вчера приведен е Ѓ.С.(49) од Берово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 04.10 часот на Градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.И.(33) од Ресен затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.05.2024 во 14.35 часот во с.Долна Матка, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.И.(46) од с.Шишево, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.05.2024 во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(19) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина во сообраќајка на патот Штип -Кочани
Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа на патот Штип -Кочани.
– На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.