Црна хроника
Подофицер на АРМ почина при проверка на дисциплината трчање
Подофицер на АРМ почина во вторник за време на изведување на дисциплината трчање во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, соопштуваат од Министерството за одбрана.
„При проверката на една од дисциплините (трчање на 3200м), на подофицерот видно му се слошило, од каде со воено санитетско моторно возило бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево, каде лекарите по кратко време, констатирале смрт. Според првичните сознанија, до смрт дошло како резултат на инфаркт“, се вели во соопштението.
Од МО додаваат дека согласно воспоставената стандардна процедура, со задолжителниот лекарски преглед пред почетокот на проверката, кај починатиот подофицер од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба, како услов за реализација на проверката. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби.
„Во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години)“, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Црна хроника
Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден маж влегол во маркет во скопски Карпош и на сила се обидел да одземе продукти, но откако не успеал, повредил една од вработените.
„На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало. При тоа и нанел повреда на една од вработените“, велат од МВР.
Оттаму потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки
Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.