Регион
Мекејн: САД ја поддржува Србија на европскиот пат

Претседавачот со американскиот сенатски одбор за вооружени сили, сенаторот Џон Мекејн по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Србија има голема поддршка и на европскиот пат, како и во поглед на инвестициите од американските компании, пренесува Танјуг.
По разговорите со Вучиќ, Мекејн оценил дека двајцата имале одлична средба со напомена дека високо го цени српскиот премиер и дека со нетрпение ја очекува својата посета на Белград, без да прецизира датум за кога би можел да ја посети земјата.
Американскиот сенатор додал дека Србија може да смета на силна поддршка од САД и дека иако Вашингтон не и диктира на ЕУ што да прави, на Србија може да и помогне во дипломатска, економска и секоја друга смисла.
Српскиот премиер Вучиќ изразил благодарност до Мекејн поради поддршката и помошта од САД, истакнувајќи дека српскиот народ тоа го цени и дека се надева оти сенаторот наскоро ќе му биде гостин во Србија.
Вучиќ во четврток ја завршува посетата на САД за време на која оствари низа средби со американски претставници со кои разговарал за билатералните односи, економската соработка и поддршката на Вашингтон за европскиот пат на Србија. Српскиот премиер во четврток ќе се сретне и со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, како и со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, кој во моментот престојува во Вашингтон./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.