Свет
Нетанјаху во посета на Египет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува денеска во Египет каде ќе се обиде да оформи коалиција против Иран и да размени идеи за блискоисточниот мировен процес.
За време на првата посета на некоја арапска држава откако дојде на чело на израелската влада, Нетанјаху ќе се обиде да пронајде заеднички ставови со египетските лидери непосредно пред клучното патување во Вашингтон што треба да се реализира кон крајот на овој месец.Одлуката на Нетанјаху да се состане со египетскиот претседател Хосни Мубарак пред состанокот со претседателот на САД; Барак Обама го потврдува неговото уверување дека е време да се „интензивира координацијата и соработката на Израел со арапските држави кои што веруваат во мир“, изјави претставник од кабинетот на Нетанјаху.„Наша заедничка цел е желбата да се зајакне регионалната стабилност и да се напредува во блискоисточниот мировен процес“, изјави претставникот кој побара да остане анонимен. „Нашите заеднички закани се Иран и неговите регионални приврзаници, Хезболах во Либан и Хамас во Газа“, додаде истиот извор.Египет претходно побара од израелскиот лидер да ја прифати идејата за палестинска држава која што има поддршка од меѓународната заедница.Стапувањето на Нетанјаху на чело на израелскиот кабинет лошо е прифатено во арапскиот свет поради неговиот „тврд“ став кон идејата Израел да ги препушти териториите освоени во блискоисточните војни, како и одбивањето да ја поддржи државата на Палестинците.Нетанјаху, од друга страна се надева дека ќе ги промени приоритети во регионот насочувајќи се на Иран како на главна закана за стабилноста на Блискиот истокЈорданскиот кралот Абдула II за лондонски Тајмс изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама притиска на сеопфатен мировен договор што треба да го реши израелско-палестинскиот конфликт, како и територијалните спорови на еврејската држава со Сирија и ЛибанНеуспехот да се постигне договор на овој критичен јазол ќе го одведе светот во нова блискоисточна војна следната година, предупреди кралот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

