Скопје
Засилени контроли за почитување на забраната за движење на тешки товарни возила во Скопје
Град Скопје ја засили контролата за почитување на забраната за движење на тешки товарни возила во периодот од 10 до 20 часот по улиците.
На територија на Град Скопје е воведен привремен сообраќаен режим за тешки товарни возила, кој ќе важи до 1-ви септември. Тоа значи забрана за нивно движење од 10 до 20 часот.
Од Градот информираат дека сообраќајната полиција, во соработка со градските инспектори и Центарот за управување и контрола на сообраќајот, врши засилени контроли на терен дали се почитува забраната за движење на тешки товарни возила по градските улици. Сите субјекти што не го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим се санкционираат, се казнуваат и се пренасочуваат за движење по скопската обиколница.
Од Град Скопје најавија дека овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, до завршувањето на забраната за движење.
Оваа мерка е воведена за да се заштити коловозот од оштетувањa предизвикани од големата тежина на товарните моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.
Градот Скопје ги замолува сите учесници кои управуват тешки товарни возила да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на воведениот сообраќаен режим.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

