Регион
Вучиќ и Лавров со критики за работата на ОБСЕ во областа на медиумите

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и српскиот премиер Александар Вучиќ ја критикувале работата на канцеларијата на ОБСЕ за слободата на медиумите, нарекувајќи ја политизирана, пренесуваат српските медиуми.
Лавров истакнал дека во работата на оваа институција треба да се постават јасни стандарди, но дека ова на некои земји не им одговара поради тоа што им е „поудобно да имаат аморфни структури кои се подложни на манипулација“.
Шефот на руската дипломатија упатил критики кон претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, поради тоа што таа не реагирала во случајот за апсењето на двата турски новинари кои биле уапсени само поради објавувањето на информации кои биле во нивен посед, и додал дека има уште многу вакви примери.
„Некои новинари беа и физички нападнати, а да не говорат за случаите кога руски новинари за време на воените дејства во Украина беа убиени. Оваа работа во ОБСЕ е целосно политизирана за додворувањето кон одреден број на земји“, рекол Лавров.
Вучиќ, пак, изјавил дека „првиот голем оркестриран напад со невистини за владата на Србија, направен од страна на Дуња Мијатовиќ следел по минатогодишните поплави во Србија“.
„Јас мислев дека вистината е важни и се обидував од петни жили да докажам дека пишувањата во некои медиумите се неточни. А тогаш во меѓувреме сфатив дека сето тоа нема врска со вистината, правдата и фактите“, рекол српскиот премиер, додавајќи дека веќе навикнал на удари, секогаш кога ќе се обиде да води суверена политика на земјата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин