Регион
Давутоглу е кандидатот за нов турски премиер

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во четвртокот на состанокот со новоизбраниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, го избра шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу за нов премиер и лидер на партијата, функции на кои ќе го замени Ердоган и официјално на 28-ми август, пренесуваат турските медиуми.
Именувањето на Давутоглу ќе биде официјализирано на вонредниот конгрес на АКП на 27-ми август, а ден потоа тој ќе стане премиер. Според оцените на медиумите, номинацијата на Давутоглу за двете позиции најверојатно ќе биде прифатена.
Ердоган најави дека ќе го поддржи Давутоглу во борбата против „паралелената држава“, која ја обвини дека ковала заговор против него преку корупцискиот скандал на почетокот од годината, како и мешањето во мировниот процес со курдското малцинство во Турција.
Ердоган изјави дека приоритет на новата влада ќе биде усвојувањето на новиот Устав. Без оглед на изборот за нов премиер, се очекува Ердоган, која е на чело на турската политика повеќе од една деценија, како претседател да ги задржи најголемите овластувања.
Претседателите на Турција досега беа избирани во парламентот, но Ердоган, чија партија од него побара да се повлече по третиот мандат, се одлучи за директни избори. Досегашниот претседател Абдула Ѓул, кој беше сметан за можен кандидат за премиер, неодамна влезе во конфликт со Ердоган, откако јавно му се спротистави поради несогласувањата за обидите на владата да ја блокира социјалната мрежа Twitter во земјата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб, на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.