Европа
Дронови летаа над препознатливи места во Париз
Најмалку пет дронови биле забалежани како ги надлетуваат познатите места на Париз во вторник ноќта, а полицијата не била во можност да одреди од каде доаѓа командата над нив.
Првиот забележан дрон летал над американската амбасада во Париз. Ајфеловата кула, плоштадот Конкорд и Музејот на воените ветрани се дел од надлетуваните места.
Сите летови биле забележани во периодот од полноќ до 6 часот утрото во вторникот.
„Може да е координирана акција, но засега не знаеме“, вели извор, кој не сака да биде идентификуван. „Се обидовме но не можевме да откриеме од каде се командувани“, вели друг извор близок до истрагата.
Овој инцидент е последен во низата на мистериозни појави на дронови во Франција, но до синоќа никогаш немало толку многу надлетувања за една вечер.
Портпаролот на американската амбасада не сакал да ја коментира ситуацијата, затоа што амбасадата не давала никакви интервјуа во моментот.
Порано годинава беа забележани надлетувања на Елисејската плата, како и десетици над нуклеарните постројки.
Кристофер Нуден, експерт за воздушна безбедност за The Local вели дека дроновите над Елисејската палата најверојатно се управувани од некој „што сака да има убави фотографии“, но додава дека во иднина целта нема да биде толку наивна.
„Ова без сомнение почнува да претстаува опасност. Еден ден дроновите нема да летаат само за да направат фотографии од Франсоа Оланд и неговата убава девојка Жули Гавет“, велуи Нуден. „Еден ден тие ќе се користат за нешто многу поопасно“.
За дроновите кои ги надлетуваат нуклеарните централи Нудин вели дека зад нив стојат професионалци.
„Овие дронови вредат до 30.000 долари и може од голема далечина да се управува со нив, а некои работат и на автопилот. Ова не се дронови кои ги користат аматери за фотографии, тие се управувани од вистински професионалци“, додава Нуден.
Францускиот закон забранува малите цивилни дронови да летаат над нуклеарни централи, кои се заштитени со таканаречени нелетачки зони во радиус од 2.5 километри, и висина од 1.000 метри./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки
Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски објекти низ Русија, објавија руските канали на Телеграм, а напиша и „Киев Индепендент“.
Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.
Напад врз клучна рафинерија
Локалните жители пријавиле штета и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи воздушна одбрана во акција.
Иако пожарот не бил веднаш забележан, на ноќното небо биле видени моќни блесоци во правец на рафинеријата. Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа на околу 450 километри од линијата на фронтот и игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.
Drones hit the Lukoil oil refinery in Volgograd
An ammunition depot in the occupied Donetsk region and one of Russia’s largest power plants — the Kostroma GRES — were also attacked. pic.twitter.com/fbuRhLf1e2
— NEXTA (@nexta_tv) November 6, 2025
Фабриката и претходно беше цел на украински напади, принудувајќи ја да го запре производството барем еднаш.
Загинати цивили, оштетени куќи
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, објави дека во нападот се оштетени една станбена зграда и неколку куќи, како и дека едно лице е убиено.
„Цивил, 48-годишен маж, починал од шрапнели од гранатирање“, објави тој на Телеграм. Бочаров, исто така, потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во Красноармејскиот округ во Волгоградската област.
The Lukoil refinery in Volgograd, russia and an oil depot in Simferopol, occupied Crimea also got a visit from good Ukrainian drones. pic.twitter.com/BSNjXLGV1O
— Kvist (@kvistp) November 6, 2025
Во исто време, експлозии одекнаа и во термоцентралата во Волгореченск во регионот Кострома, која се наоѓа на околу 740 километри од украинската граница и североисточно од Москва.
Во окупираниот Крим, беше погодено складиште за нафта во градот Битумне во близина на Симферопол, објави каналот на Телеграм „Кримски ветер“.
Европа
Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“
Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и предизвикаа сериозни безбедносни загрижености.
Летовите на најпрометниот белгиски аеродром во Брисел, беа прекинати со часови во вторник вечерта, а дронови беа забележани и над неколку воени бази, што доведе до откажување на десетици летови и доцнење на стотици патници, објавува „Гардијан“.
Суспензијата на дојдовните и појдовните летови во вторник вечерта резултираше со 95 откажувања на аеродромот во Брисел, а портпаролот потврди дека помеѓу 400 и 500 луѓе ја поминале ноќта на терминалите.
Патниците беа предупредени за можни доцнења во среда бидејќи многу авиони беа заглавени на погрешни локации. Воздушниот простор беше затворен и над аеродромот во Лиеж, голем европски товарен центар, што предизвика дополнителни откажувања и пренасочувања.
Во исто време, градоначалникот на фламанскиот град Дист објави дека полицијата и војниците забележале четири дрона во близина на воената воздухопловна база Шафен. Инцидентите се случија откако белгиските власти веќе започнаа истрага за видувања на дронови над неколку воени бази во текот на викендот, вклучувајќи го и Клајне-Брогел, дом на белгиски борбени авиони Ф-16 и за кој се верува дека складира американско нуклеарно оружје.
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјави пред парламентарната комисија дека инцидентите се чини дека се координирани со цел да се предизвикаат нарушувања.
фото: принтскрин

