Црна хроника
Даравелски и официјално уапсен во Србија по повеќе од деценија во бегство
Драган Даравелски, поранешниот директор на Царинската управа на Македонија во Владата на поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски е уапсен во Србија, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за Макфакс.
Други детали засега нема за овој случај. Даравелски е уапсен по повеќе од една деценија бегство, односно по 13 години престој во Србија. За него во 2003 година беше издадена потерница, откако шест месеци пред тоа полицијата трагаше по него. Тој беше спектакуларно уапсен во Белград, но само по неколку дена тој покажа документ дека е српски државјанин и не беше екстрадиран.Даравелски беше осуден на седум години затвор во отсуство за проневера односно за злоупотреба на службената должност и овластување.Потоа против него беа поднесени и други кривични пријави. Иако против него имаше повеќе кривични постапки во Македонија, Даравелски слободно живееше во Белград од 2003 година./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

