Европа
Единаесетгодишно девојче продадено за мажење во Шпанија

Шпанската полиција спаси 11-годишно девојче кое постојано било силувано и тепано, откако било продадено за мажење од нејзините родители за 17.000 евра, јавија тамошните медиуми.
Шпанската полиција спаси 11-годишно девојче кое постојано било силувано и тепано, откако било продадено за мажење од нејзините родители за 17.000 евра, јавија тамошните медиуми.
Полицијата задржа во притвор петмина од двете семејства вклучени во случајот и ги обвини за трговија со луѓе, сексуално злоставување, силување, злоставување и работно искористување, се вели во соопштението на полицијата.
Истрагата почнала откако полицијата дознала дека во мај 2014 година, „малолетничка била продадена од своите родители за 17.000 евра со цел да се мажи на забавата за веридба во Романија“.
Девојчето кое живеело со своите родители во Севиља, Шпанија, била злоставувано штом пристигнало во Ваљадолид, каде живее момчето со неговите родители.
„Тие постојано ја навредувале, ја тепале и ја присилувале на секс со идниот сопруг, а ја терале и да собира грозје и да копа компири, без за тоа да ѝ платат“, се додава во изјавата.
Девојчето се јавило кај мајка си да се пожали, но семејството на кое бил продадена побарало дополнителни 10.000 евра за да ја пуштат да си оди.
Штом забележале дека полицијата ги набљудува го качиле девојчето на автобус за Севиља./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“
Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.