Црна хроника
Полјаци пренесувале дрога преку граница, еден во бегство

Четворица полски државјани се обиделе да пренесат дрога на албанско-македонската граница, но биле фатени, а еден од нив успеал да побегне, соопшти полицијата.
Четворица полски државјани се обиделе да пренесат дрога на албанско-македонската граница, но биле фатени, а еден од нив успеал да побегне, соопшти полицијата.
Имено, во заедничка акциска контрола на царинската управа и граничната полиција, во понеделни на граничниот премин „ Ќафасан“ била пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана.
Притоа, три лица полски државјани се приведени, а еден полски државјанин е во бегство.
Полските државјани биле детално контролирани при обид за влез во Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две паковки обвиткани со салотејп трака. Тоа било забележано од царинските и полициските службеници кои се упатиле кон двајцата полски државјани. Во истиот момент лицето Е.Д.В.. (28) започнало да бега кон шумата упатувајќи се кон каменоломот, по што лицата С.К.К. (29), Л.Д.З. (62) и Б.Д. (28) веднаш се приведени.
Пронајдената дрога е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Во тек се мерки за пронаоѓање на полскиот државјанин по што, ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/с/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.